Ако нема казна за бруталните егзекутори и нивните политички ментори, утре други бандити можат да бидат мотивирани да извршат свирепи убиства во Македонија.

Објавил: Македонка Димкин | 3 февруари, 2020 15:39

Обвинетите од Монструм насмеани со кафе во рацете, Родителите на жртвите завиени во црно!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Оние што пред неколку години, кога почна судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, до судот од притвор беа спроведувани со лисици на рацете и придружувани од затворската полиција, специјалните единици на МВР, денес, 7 години потоа, бранејќи се од слобода, излегоа од Кривичниот суд со кафиња во раце поминувајќи покрај Заев и фотографирајќи се со него во заднината.

Додека Заев одговараше на новинарски прашања, од неговата десна страна беа застанати родителите на убиените момчиња, а лево од него стоеја тројцата обвинети, кои со насмевка излегоа од Кривичниот суд.

Во еден момент обвинетиот Хаки Азири го крена мобилниот телефон и свртен со грб кон Заев и кон новинарските екипи, кои во голем број го следеа неговото сведочење, си направи селфи со другите двајца обвинети, наместени за во заднината да се гледа поранешниот премиер.

Сите материјали кои ги поседувале СДСМ за случајот „Монструм“, биле предадени во СЈО. Ова го изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој на барање на родителите на убиените момчиња кај Смилковско Езеро сведочеше на денешното рочиште во Кривичниот суд.

Заев рече дека имал средби со роднини на убиените момчиња, кои побарале да добијат повеќе информации од „бомбите“.

Оние што пред неколку години, кога почна судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, до судот од притвор беа спроведувани со лисици на рацете и придружувани од затворската полиција, специјалните единици на МВР, денес, 7 години потоа, бранејќи се од слобода, излегоа од Кривичниот суд со кафиња во раце поминувајќи покрај Заев и фотографирајќи се со него во заднината.

На една од средбите, рече Заев, родителите изразиле сомневање дека институциите кријат од нив информации.

„Ги извадив комуникациите и им ги презентирав на родителите да ги видат во мое присуство, без да им дадам копија“, рече Заев.

Тој во судницата одговараше и на прашања на семејствата на убиените момчиња.

„Мајките бараа средба со вас, вие ги примивте и на таа средба сте кажале дека ‘Опел омегата’ е на МВР. Имате ли доказ, поседувате? Вие сте кажале?”, праша родителот Горан Наќевски, на што Заев одговори: „Во првостепената пресуда која ја има кај мене од 2015 година стои во делот на сведочењето дека тоа возило е на МВР. Како претседател на Влада не сум правел повторна истрага“.

Претходно, во судницата беше пуштена снимка од собраниска седница, на која

Додека функционерите на власта лепеа пари на трубачите во ТУНЕЛОТ, родителите на убиените млади Македонци седеа на масата со заковани погледи во фотографиите на нивните прерано погребани чеда. Еднаш нивните момчиња на Велики Четврток им ги убија злосторниците од “Монструм“, само затоа што беа Македонци, а вториот пат им ги “уби“ актуелниот премиер кој им ветуваше правичност.
Но ги излажа, ги излажа само затоа што власта му е помила од правдата за брутално убиените. Две и пол години Заев си поигруваше со емоциите на ужалените семејства и целата македонска јавност, тврдејќи дека ги има пораките и телефонските разговори на високи функционери од претходната власт со убијците, и дека ќе ги објави.

Заев зборува за случајот „Монструм“ како одговор на пратеничко прашање.

Во петкратното убиство на 12 април 2012 година беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски. Во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, а на осудените им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето, „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Денес Заев   се крие позади изјавата  „Ги извадив комуникациите и им ги презентирав на родителите да ги видат во мое присуство, без да им дадам копија“, што е точно? Ова сега или кога безобразно лажеше дека убијците и функционерите разговарале за субвенции. А крие и лаже затоа што јавноста знае дека се работи за 5 функционери на ДУИ, партијата без која Заев би немал власт поради што правдата за погребаните момчиња за него е неважна во споредба со властољубивоста на живите политичари.

Бизарно. Нечовечки. Одвратно…….
Ако нема правда за петте убиени момчиња кај Смилсковско езеро, утре можат жртви да бидат некои други момчиња. Македонската јавност мора да знае, ако нема казна за бруталните егзекутори и нивните политички ментори, утре други бандити можат да бидат мотивирани да извршат свирепи убиства во Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.