Прво соопштија немало знаци на насилство, доволно да му се даде време да избега убиецот

Објавил: Мате Парлоф | 11 април, 2022 8:07

Обвинителот Бубевски за убиството на Тот: Немаше намера за прикривање, збрката настана поради лоша медицинска проценка

Фото/Текст извор: ©РТЛ

Сè уште се трага по човекот кој прв го удрил ракометарот, вели шефот на Основното јавно обвинителство – Скопје

Во меѓувреме, власта и опозицијата излегоа со меѓусебни обвинувања од чии редови е првоосомничениот за убиството на хрватскиот ракометар

Немаше намера за прикривање во случајот со смртта на ракометарот Денис Тот. Збрката со информациите настана поради лоша медицинска проценка, вели шефот на Основното јавно обвинителство – Скопје, Гаврил Бубевски, за хрватската телевизија РТЛ.

Мислам дека воопшто немаше намера да се прикрие. Само сплет на околности. Мислам дека тоа беше лоша медицинска проценка и стојам на тоа….Моите најнови информации велат дека сè уште се трага по човекот кој го започнал сето тоа. Тој прв го удрил ракометарот, кој не се ни бранел, а подоцна другите двајца го удирале со нозе во главата. Еден сѐ уште е во бегство“,

изјавил обвинителот Гаврил Бубевски.

Ракометарот на Бутел, хрватскиот интернационалец Денис Тот почина во болница, откако беше нападнат од три лица пред дискотека во скопскиот Градски парк.

Нејаснотиите околу смртта настанаа, откако првичните информации од лекарските извештаи беа дека тој бил примен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), без срцева акција и без траги на насилство, но обдукцијата утврди дека смртта е насилна и настапила како резултат на повреди на мозокот настанати од нанесени удари. 

Денеска повторно се огласија од КАРИЛ, со тврдење дека на телото немало видливи повреди.

Од таму ги отфрлаат сите шпекулации во врска со транспарентноста, а поврзани со случајот на хрватскиот ракометар Денис Тот . Велат дека веднаш по приемот пристапиле кон срцева и белодробна реанимација која траеле половина час и успеале да воспоставата срцева реакција.

При самиот прием на пациентот, повикани биле сите екипи, од Неврохирургија, од Абдоменална хиругија, Торакална и од Трауматологија за да се изјаснат по однос на наодот од компјутерската томографија, за отокот на мозокот, соопштија од КАРИЛ.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.