Јовески бара в.д обвинител за СЈО, спротивно на член 3 од Законот за СЈО!

Објавил: Данаил Михајловски | 21 август, 2019 16:18

Обвинителот Јовески нуди политички решенија за СЈО, исто како Заев!

Фото/Текст извор: ©магазин

Државниот обвинител Јовески денес имаше прес конференција по повод апсењето на специјалната обвинителка Катица Јанева, осомничена за мега скандалот “Рекет“. На новинарско прашање од провладин медиум, кој ќе биде понатаму шеф на СЈО, државниот обвинител Јовевски се впушти во коментари со наметнување на политички решенија кои се надвор од неговите надлежности. Имено Јовески побара од Советот на јавни обвинители, доколку Јанева понатаму не може да го води СЈО, да избере вршител на должност за шеф на СЈО од редот на помошниците обвинители на Катица Јанева и патем, се повика на завршните одредби од Законот за СЈО, иако таму тоа не го пишува. Предлогот на Јовески е незаконски (според законот за СЈО), а од политичка гледна точка се совпаѓа со ставовите на премиерот Заев и министерката за правда Дескоска, и двајцата од СДСМ.

Член 3
На предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, по претходна согласност на четирите политички партии со најголем број на пратеници во Собранието на РМ, Советот по предлог
на Собранието, без објавување на јавен оглас, го избира јавниот обвинител, со
мандат од четири години со право на повторен избор. Собранието ќе го утврди кандидатот за јавен обвинител со 2/3 мнозинство, вклучувајќи и мнозинство од гласовите на пратениците кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство, и ќе го поднесе до Советот на јавни обвинители.

Во законот за СЈО не е предвидена замена на Катица Јанева ниту е утврдена постапка за избор на в.д специјален обвинител. Но, во членот 3 е од овој посебен закон е точно определено како се избира шефот на СЈО, односно специјалниот јавен обвинител, преку Собранието, со утврдување на предлог за обвинител со 2/3 и со “Бадинтерово“ мнозинство, кој потоа без оглас се доставува на олучување на Советот на јавни обвинители. Затоа, секое бирање на в.д обвинител би било само незаконско постапување од страна на Советот на јавните обвинители и би создало законски и процесен хендикеп за исходот на обвинителните процеси кои веќе имаат судски тек, а СЈО е овластен тужител. 

Според Законот за СЈО никаде не стои дека ако се разреши или по друг основ престане функција на првиот човек на СЈО, дека Собранието нема ингеренции за изборот на нов специјален обвинител, ниту пак има законски член кој му дава надлежност на Советот на обвинители да бира нов шеф на СЈО, ниту пак нов вршител на должност. 

Државниот обвинител Љубомир Јовевски со денешната политичка изјава повторно врши мешање на обвинителството и политиката, во склад со интересите на премиерот Заев, а спротивно на важечките законски прописи. Невкусно е државниот јавен обвинител да предлага суспензија на институции, во случајов на Собранието, а посебно во делот на нивните јасно пропишани законски ингеренции за избор на шеф на СЈО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Правник

Во 2008 та година судот му одреди 20 години затвор за грозоморниот напад врз полициските Алфи што се случи во ноември истата година на паркингот пред ПМФ. Во нападот загина еден припадник на Алфите, еден остана доживотен инвалид а третиот има намалена деловна способност.

Судот ја укина доживотната казна на Алмир Дрпљанин за нападот на Алфите кај ПМФ

Денеска судот ја укина доживотната затворска казна за еден од најозлогласените криминалци...

Во вчерашната емисија „Што не е јасно?“ на „Алфа“, лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села потври дека премиерот Зоран Заев пред извесно време му понудил да го замени Али Ахмети и ДУИ и неговата партија да стане дел од власта.

СЕЛА ОТКРИВА – Заев ми понуди да го заменам Али Ахмети- но јас ОДБИВ

Села откри дека премиерот Зоран Заев му понудил да го замени ДУИ, но тој не прифатил. Во...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денес соопшти дека е поднесено обвинение за три слица во овој случај.

Најмалку 3 години затвор за делото за кое е обвинета Јанева

Казна затвор од најмалку три години пропишува кривичниот закон за делото за кое е обвинета...