Заев го започна планот за отповикување на претседателот Иванов, започна со ОЈО, обезбеди 2/3 мнозинство во Собранието, се чека на "одобрување" од Уставниот суд на Македонија

Објавил: Мартин Попоски | 30 октомври, 2018 11:45

Обвинителството со истрага за Иванов за кршење на Уставот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Основното јавно обвинителство ќе поведе истрага против претседателот Ѓорге Иванов поради прекршување на Уставот на Република Македонија.

Со ова се остварија партиските најави дека премиерот на Македонија и претседател на СДСМ, Заев, ќе се обиде да повлече отповикување на претседателот на државата.

Скопското јавно обвинителство отвори предмет за претседателот Ѓорге Иванов. Од обвинителството потврдуваат дека се постапува по две анонимни кривични пријави во врска со непотпишување на Законот за јазици и Договорот од Преспа.

Предметот е во предистражна постапка и во моментов се преземаат дејствија за проверка на наводите од пријавата. Според член 75 од Уставот, претседателот е должен да го потпише указот доколку законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Иванов ја искористи правната недореченот па го користеше т.н. џебно вето.

Со таа цел веќе се побарани податоци и информации од Собранието на  Македонија и од Кабинетот на претседателот за тоа кога се донесени одлуките во законодавниот дом, односно дали и од кои причини не се потпишани од страна на претседателот.

Иванов не го потпиша Законот за ратификација на договорот од Преспа, иако тој беше во два наврати изгласан во парламентот, наспроти претседателското право на „суспензивно“, а не на „апсолутно“ вето. Претходно, тој исто постапи и за Законот за употреба на јазиците.

Поради тоа, овие две регулативи не се објавени се уште во „Службен весник“ и не можат да стапат во сила.

Согласно Уставот, ОЈО нема ингеренции на ова поле. Оставка т.е. повикување на одговорност на Иванов има само Собранието на Македонија и Уставниот суд на Република Македонија.

Неофицијално, ова е само обид за уцена кон Иванов, со што Заев јасно става до знаење дека има 2/3 мнозинство за негово отповикување и во Собранието на Македонија одлука која потоа мора да помине и со 2/3  мнозинство на Уставен.

Од кабинетот на претседателот нема реакции.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести