Обвинителство јасно стави до знаење дека нема основ за правна рамка на шпекулациите поврзани со советникот на пратеседателот Иванов или било кој од неговиот кабинет

Објавил: Мартин Попоски | 5 декември, 2018 12:28

Обвинителството ја реши дилемата, Иванов и кабинетот немаат врска со настаните во Собранието

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Обвинителката Вилма Русковска која го води случајот за немилите настани во Собранието тврди дека обвинителството нема докази за инволвираност на кабинетот на претседателот Иванов во упадот со цел прогласување вонредна состојба.

Освен посредно споменување на советникот за национална безбедност на претседателот обвинителството нема други докази за било каква поврзаност и затоа не се води никаква постапка против лицето Синиша Алексовски кое вчера беше споменато во судот како индиректен извор на наводни информации.

Запрашана за шпекулациите за барање притвор за повеќе лица од УБК и од Петтата управа, обвинителката потврди дека истрагата ќе биде проширена.

Според ОЈО во неа нема да биде и советникот на претседателот затоа што тој не може да биде на исто рамниште како и тие за кои вчера се сведочеше дека имале директни контакти со обвинетите.

Никола Бошковски беше споменат од сите обвинети што даваа исказ вчера и тие имале директни контакти со него. Синиша Алексовски и самите сте свесни дека вчера беше споменат дека некој разговарал со него, па ја пренел информацијата. Не можеме да ги ставиме на исто рамниште споменувањето на едниот и на другиот. – изјави Русковска.

Обвинителката додаде дека обвинителството нема други докази за наводите дека упадот во Собранието бил исцениран од кабинетот на претседателот Иванов заради прогласување на воена состојба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.