Сакаме повторно да упатиме неколку прашања до градоначалникот Коцевски, за кои се надеваме дека наместо празни клевети, Велешани ќе добијат прецизни одговори.

Објавил: Владо Марин | 18 мај, 2020 11:34

Обвинителство отвори постапка за конфекцијата „Ју-ка” и покрај манипулациите на градоначалникот Коцевски!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Градоначалникот на општина Велес – Аце Коцевски, наместо да држи прес-конференции на кои спроведува интерна партиска агенда и притоа ја злоупотребува позицијата како градоначалник за да ги наклевети неговите политички опоненти, сериозно треба да се посвети на новонастанатата криза во градот како последица од зголемување на заболени работници од корона-вирусот.

После многубројните дојави кои до нас пристигнаа од страна на вработени во конфекцијата „Ју-Ка“ од Велес, а кои укажуваа на голем број нерегуларности и непочитување на мерките за заштита и превенција, Левица случајот го пријави до надлежните инспекторати.

Дополнително, медиумски ги повикавме надлежните институции да го истражат случајот и директно се обративме до градоначалникот Коцевски за тоа дали се вистинити шпекулациите дека градоначалникот и сопственикот на конфекцијата „Ју-Ка“ се пријатели и дали градоначалникот чувствува била каква одговорност за ширењето на пандемијата во Велес?

Веднаш после нашето обзнанување на случајот, градоначалникот Коцевски на прес-конференција наместо да презеде одговорност, истиот ја обвини политичката партија Левица дека шири лаги.

Ја потсетуваме јавноста дека сите наши реакции и прашања упатени преку медиумите се врз основа на претходни информации од страна на самите работници.

Знаеме дека е во негов интерес да не одговори на поставените прашања и да продолжи со манипулирање на јавноста, но сега, откако ОЈО Велес отпочна предистражна постапка за овој случај, јасно е дека постојат основани сомнежи за несовесно постапување и непочитување на мерките за безбедност од страна на конфекцијата „Ју-Ка“.

Сакаме повторно да упатиме неколку прашања до градоначалникот Коцевски, за кои се надеваме дека наместо празни клевети, Велешани ќе добијат прецизни одговори. Имено:

1.Дали е вистина дека сопственикот на „Ју-Ка“ бил повикан за соработка на седница на кризниот штаб на општина Велес?

2.Колкав број на вработени во конфекцијата „Ју-Ка“ се тестирани, а колку се пратени во самоизолација?
3.Дали е вистина дека конфекцијата „Ју-Ка“ е добитник на тендер за изработка на заштитни маски?
4.Дали е вистина дека е намален бројот на тестирања за ковид-19 во Велес?
5.Дали е вистина дека е зголемен бројот на починати лица во Велес од ковид 19 и дали истите биле во контакт со вработени во конфекциите од Велес?
6.Дали Коцевски сѐ уште тврди дека нема простор за паника и дека Левица шири лаги или смета дека е загрижувачка ситуацијата во Велес?


Реакција на Локален Огранок Левица – Велес.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.