Обединети за Македонија бара советниците во Советот на Општина Охрид да го изгласаат Константин Георгиески градоначалник на Охрид.

Објавил: Едмонд Бекири | 23 декември, 2018 22:11

“Обединети за Македонија” со голема поддршка за Константин Георгиески

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Локалниот огранок на партијата Обединети за Македонија од Охрид бара советниците во Советот на Општина Охрид да го изгласаат Константин Георгиески за в.д. градоначалник на Охрид.

 Владимир Каневчев вели дека логиката налага да се почитува потписот на починатиот градоначалник и бара од советниците да го изгласаат Константин Георгиески за градоначалник на град Охрид.

Обединети за Македонија е основана од страна на Љубе Бошковски во 2009. Во 2008 година, Бошкоски се враќа во Македонија од Шевенинген, ослободен од обвинение од Хашкиот суд за воени злодела. Набргу потоа Бошкоски не можејќи да најде заеднички јазик за соработка во рамките ВМРО-ДПМНЕ, се дистанцира од партијата и на претседателските избори во 2009 настапува како единствен независен кандидат, промовирајќи се и како критичар на власта и Никола Груевски и освојува околу 150 илјади гласови. Бошкоски е советник за странски инвестиции но досега нема никаква инвестиција.

Бараме што поскоро да се изгласа одлука со која Константин Геогриески ќе добие полни овластувања и ќе продолжи Охрид да функционира. Тој е именуван за заменик од страна на прерано починатиот градоначалник Јован Стојаноски и чесно е таа волја да се официјализира во Советот на општината. Се друго е гола политика – вели Каневчев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.