Меѓународното патување е веќе ограничено, а на Британците им е забрането да одат на одмор во странство.

Објавил: Перо Милчин | 5 февруари, 2021 20:33

ОБЕДИНЕТО КРАЛСТВО ПОДГОТВУВА КАРАНТИНСКИ хотели: Секој што ќе пристигне од 15 февруари оди во изолација, која ја плаќа од џеб

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сите граѓани на Велика Британија и нејзините странски жители кои пристигнуваат од земјите идентификувани како жаришта на вирусот корона, ќе треба да поминат 10 дена во карантин во хотели на свој трошок, почнувајќи од 15 февруари, соопшти денеска Владата.

Меѓународното патување е веќе ограничено, а на Британците им е забрането да одат на одмор во странство.

Луѓето кои доаѓаат од странство, засега, треба да покажат негативен тест за вирусот корона и да се изолираат по пристигнувањето, но не е јасна примената на таа регулатива.

Главната опозиција, Лабуристичката партија, рече дека е „неразбирливо“ тоа што карантинот во хотелите е воведен само 50 дена откако беше идентификуван нов, попренослив вид на вирус од Јужна Африка.

Велика Британија ги доживеа најлошите ефекти од пандемијата на коронавирусот во Европа, со повеќе од 110.000 потврдени смртни случаи, но исто така спроведува една од најбрзите кампањи за вакцинација во светот: досега првата од двете дози на вакцината ги прими скоро 10,5 милиони луѓе, 20 проценти од сите возрасни.

Британската влада има намера да вакцинира 15 милиони луѓе до 15 февруари, вклучувајќи ги сите над 70 години и хронично болните и до мај сите над 50 години со најмалку една доза, така што планираните локални избори во Англија да бидат на 6 мај.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.