Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со Ковид-19.

Објавил: Перо Милчин | 7 ноември, 2020 14:03

Обезбедени 187 единици конвалесцентна плазма, околу 170 третирани со крвна плазма

Фото/Текст извор: ©тв 21

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 187 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19, од кои 98 единици се обезбедени преку стандардно дарување и 89 единици конвалесцентна плазма преку аферезна процедура од вкупно 38 донор.

Вкупно 136 дарители донирале плазма, со која се третирани околу 170  пациенти со Ковид-19.

Со ваквиот највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на оние кои во моментов се борат со коронавирусот.  Да им помогнеме на лицата кои во моментов се борат со коронавирусот – да донираме ковалесцентна крвна плазма, апелира Институтот за трансфузиона медицина до сите оздравени пациенти кои имале Ковид-19.

Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со Ковид-19.
Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од Ковид-19, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус. 

Потсетуваме дека Институтот за трансфузиона медицина е достапен во секое време и сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарители, може да се јават за детални информации и закажување во Институтот за трансфузиона медицина, да ја покажат својата хуманост и да помогнат во лекувањето на другите заболени со Ковид-19.  

Формулар за донор на COVID-19 ковалесцентна плазма ТУКА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...