Министерството за здравство ги повикува граѓаните секој индивидуално да даде свој придонес во борбата со корона вирусот и да им помогне на здравствените работници, во оваа исцрпувачка битка која трае повеќе од една година.

Објавил: Перо Милчин | 6 април, 2021 6:10

ОБЕЗБЕДУВАМЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ БОЛНИЧКИ КАПАЦИТЕТИ, ГРАЃАНИТЕ СО ПОЧИТУВАЊЕ МЕРКИ ЌЕ ИМ ПОМОГНАТ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО БИТКАТА СО КОВИД 19

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за здравство информира дека и покрај големиот притисок врз болниците во државата, кои се побрзо се исполнуваат со ковид пацинети, обезбедени се слободни места на повеќе Клиники, Институтот за белодробни заболувања Козле како и на интерните клиники.

Сите болници и медицински кадар се целосно мобилизирани.

И во болниците низ државата, секојдневно системот се менаџира, помеѓу постојаните инфективни одделенија во здравствените установи и модуларните болници.

Оваа здравствена криза погодена од третиот може најсилен бран досега е присутна насекаде – кај нас, во регионот, во цела Европа. Состојбата е критична, но граѓаните не треба да се грижат, оние кои имаат потреба во секое време добиваат соодветна здравствена грижа и третман во болниците. Министерството за здравство упатува апел до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот Ковид 19.

Министерството за здравство ги повикува граѓаните секој индивидуално да даде свој придонес во борбата со корона вирусот и да им помогне на здравствените работници, во оваа исцрпувачка битка која трае повеќе од една година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...