Земјотресот се случил на 26 јули 1963 година во 5:17 часот. Како резултат на земјотресот, од 1.000 до 1.100 жители ги загубиле животите, а најмалку 3000 лица биле повредени.

Објавил: admin@magazin | 24 јули, 2019 9:07

ОБЕЛЕЖУВАЊЕ ГОДИШНИНА ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ: Гости Влатко Стефановски, Танос Ставридис, Биља Крстиќ и Биг Бенд

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Објавена е програмата на град Скопје, за одбележување на 56 години од катастрофалниот земјотрес.

На 26 јули во Градскиот парк ќе се одржи концерт на кој ќе настапат балкански ѕвезди, меѓу кои Влатко Стефановски, Танос Ставридис (најпознатиот грчки музичар на хармоника), Биља Крстиќ и Биг Бенд.

-26 јули е денот кога се потсетуваме на еден тажен момент од животот на Скопје. Но, тоа е и ден кога треба да го славиме животот, да ја славиме хуманоста и подадената човечка рака. Никако не треба да ја заборавиме светската мобилизација за помош на Скопје и неговите жители. Исто така, овој ден е значаен бидејќи треба секогаш да се потсетуваме дека нема играње со приридата и дека ова може да му се случи секому.

И по 56 години важно е да се чествува овој ден и сите да се потсетиме на тоа што се случило. Важно е да ги потсетуваме и младите генерации на она што светот го направил за нас, зашто сама така ќе ги научиме што значи хуманост и подадена рака во тешки моменти. Овој ден не го нарекуваме прослава, ниту пак чествување. 26 јули е ден на хуманоста, ден на добрите дела и ден за сеќавање на сите што не се повеќе со нас, велат од Град Скопје.

Скопски земјотрес од 1963 година е природна катастрофа која го зафатила градот Скопје. Земјотресот се случил на 26 јули 1963 година во 5:17 часот. Како резултат на земјотресот, од 1.000 до 1.100 жители ги загубиле животите, а најмалку 3000 лица биле повредени. Бројот на лицата без дом бил 200.000. Земјотресот од 1963 е еден од најкатастрофалните природни непогоди во Скопје и Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.