Алаѓозовски дал 15 милиони денари на невладина во која самиот членувал

Објавил: Стефан Каневче | 13 март, 2019 17:47

Обелоденета афера на Алаѓозовски

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска на денешната надзорна расправа во Собранието на чиј дневен ред беше Годишната национална програма во културата го праша координтарот во Владата и поранешен министер за култура Роберт Алаѓозовски, по која процедура ги донесоа годинешната и ланската Годишна Програма за култура бидејќи и двете се идентично лоши и скандалозни. Таа се осврна на случајот кога се доделувале средства од министерството за Култура на невладината во која Алаѓозовски активно членувал.

Дали укинувањето на процедурите ви беше неопходно да си оставите простор да правите што сакате во однос на транспаретното делење на средства, односно во финансирање на ваши другари и соработници, сите обединети под капата на „Јадро“ за кои во програмата во 2018 година во сите дејности одобривте 15 милиони денари?- праша Лашкоска

Скандалозно, вие сте еден од основачите на “Контрапункт“ дел од Јадро. Дали за вас ова не е скандалозно директен конфликт на интерес, затоа што најголем дел од парите ги давате за хонорар- посочи Лашкоска.

Алаѓозовски обидувајќи се да се одбрани посочи дека не е дел од Контрапункт од 2007 година, но според достапната јавна документација, Алаѓозовски подолг период бил член на невладината Контрапункт која е посочувана дека добивала пари од државата. 

Од документите на Контрапункт се гледа дека Алаѓозовски бил дел од тимот во периодот од 2014 до 2016 година Алаѓозовски бил соработник на Контрапункт и безмалку од таа позиција веднаш потоа ја доби позицијата Министер за култура.

 

Дел од собраниската расправа може да се погледне на видеото:

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Светски познатиот џез музичар, охриѓанецот Владимир Четкар, денеска го промовираше својот нов сингл „A new day“ за кој сними и спот – во Охрид.

Светскиот а наш музички Амбасадор со нов СИНГЛ и нов спот по Охридската калдрма

Џезерот танцува по калдрмата: Владимир Четкар има нов сингл, а спотот отвора прозорче...