Мало заладување на временските прилики

Објавил: Узунов Бобан | 27 март, 2019 8:18

Облачно со слаби локaлни врнежи од дожд

Фото/Текст извор: ©магазин

Времето во земјава ќе биде променливо облачно време со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Утринската температура ќе се движи од нула до шест степени, а дневната температура од седум до 17 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно време со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.Утринската температура ќе достигне до три степени, а дневната температура до 14 степени.
И утре ќе се задржи променливо облачно време, со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.