МВР со детали за вчерашната несреќа која се случи во скопската населба Карпош.

Објавил: Весна Петровска | 30 октомври, 2019 10:56

ОБНОВЕНО: Детали за страшната несреќа во Карпош – неколку лица повредени

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Страшна сообраќајна несреќа ги вознемири вчера граѓаните од населбата Карпош.

МВР со детали за вчерашната несреќа која се случи во скопската населба Карпош.

– На 29.10.2019 во 13.30 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански Одреди“ со улиците „Никола Парапунов“ и „Демир Трајко“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(27) од с.Виштица и патничко моторно возило „ланд ровер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К.(48) од Скопје. По незгодата за укажување на лекарска помош во Градската општа болница „8-ми Септември“ биле пренесени С.М., кај кого биле констатирани тешки телесни повреди, како и С.К. и двајца сопатници од возилото „голф“, С.С.(24) и А.С., кај кои биле констатирани телесни повреди, соопштува полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.

Исто така МВР ја информира состојбата во текот на целиот вчерашен ден, еве што се случувало на скопските улици.

Во текот на 29.10.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 22 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 26 возачи, од кои: три возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и 23 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и осум возила, бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување, двајца возачи поради недавање на првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден возач на мотоцикл, поради неносење заштитен шлем, шест возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и седум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се четири пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и пет пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 90 мандатни платни налози и 86 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.