Откако режисерот Бојаџи јавно проговори за цензура на неговиот филм, и тоа по налог на Заев а на барање на ДУИ, се соочи со закани од терористи на УЧК и ОНА а денес и со полиција

Објавил: Мартин Попоски | 5 октомври, 2018 11:33

Обновено: Експресно уапсен таткото на режисерот Јани Бојаџи

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Вечерва 5 Октомври околу 19:30 познатиот Македонски режисер Јани Бојаџи на својот Фејсбук статут објави дека рано утринава е приведен неговиот татко Антони Бојаџи. Дали е ова уште еден енормен притисок врз режисерот Јани Бојаџи.

Почитувани, да, утринава во домот на моите родители во Струмица е извршен претрес и после неколку часа мојот татко Андони (75) е донесен во Скопје и приведен во полициската станица во Гази Баба. До овој момент со него не разговарал полициски инспектор, обвинител или судија! Ви благодарам на подршката на сите вас кои денес од раните утрински часови бевте со мене и моето семејство. Да сте живи и здрави. Се гледаме за помалку од час во Кино Милениум. Татко ми со мислите ќе биде со сите нас!


Утринава полицијата упаднала во домот на режисерот Јани Бојаџи во Струмица.

Како што се дознава, семејната куќа на Јани Бојаџи утринава била посетена од полициски сили, кои вршат претрес и го бараат него.

Бојаџи живее во Скопје, но откако неговиот татко го известил за упадот, се упатил кон Струмица и во моментов патува за да види за што се работи.

Сеуште нема детали што бараат органите на прогонот.

Инаку власта изминатиот период на секаков начин се обидува да го цензурира негвиот филм „Ругање со Христос” затоа што во него се прикажани сцени од војната во 2001 година, во кои УЧК брутално ги малтретира Мавровските работници и уште неколку други злосторства на оваа паравоена формација.

Пред два дена Бојаџи на Фејсбук објави за притисокот од власта и обидите за цензура преку забрана на кино салите да го прикажуваат филмот.

Бојаџи: Заев јавно кажува дека цензурира уметнички дела, а влакно на глава не му фали

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...