Камбовски ги измеша тенџерињата со капачињата во обидот да го заплаши законодавниот дом се со цел да успее референдумот на СДСМ и ДУИ

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 август, 2018 11:39

ОБНОВЕНО: Камбовски не знае да прочита што сам пишувал

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Академик Владо Камбовски по скандалозната изјава дека организираниот бојкот на референдумот е казнив со закон се обиде да се појасни но се “закопа” цитирајќи членови од закони и Устав кои немаат врска го кажаното.

“Никој не смее да ги организира граѓаните да не се спроведе референдумот на 30 септември зашто тоа ќе се смета за кривично дело организирање на отпор за извршување на донесена законска одлука.” – вели академик Владо Камбовски. Тој вели дека одлуката за референдумското изјаснување за членство во НАТО и ЕУ со признавање на Договорот со Грција ја донесе Собранието таа е законита што значи мора да се спроведе.

Камбовски ноторно лаже затоа што ако одлуката е за распишување референдум со даденото прашање но таа не е законска обврска на електоратот дотолку повеќе е спорно законско решение кое два пати не доби поддршка – потпис од Претседателот на Македонија Иванов.

“Никој не смее да ги организира граѓаните да не се изјаснат. Политичките партии треба да се тргнат од таа работа. Не е ни етички ни морално да агитирате да делите материјали да одржувате собири или протести со цел да ги убедувате граѓаните да го бојкотираат изјаснувањето “за” или “против” референдумското прашање. Референдумското прашање е изгласано и референдумот е закажан со одлука на Собранието. Таа одлука е законита. Тоа е како судот да донел одлука (пресуда) а некој да ги организира граѓаните таа законска одлука да не се спроведе.” – споредува Камбовски.

Камбовски потворно одработува за власта затоа што во правото распишувањето на референдум е уредено со Закон за Референдум каде бојкотот не е категорија која се брои затоа што не е ни јасно како може да се брои а по истиот се бројат гласовите “за” и “против” но електоратот има целосно право од страна на политичарите од законодавниот дом или извршната власт да биде информиран за нивното мислење затоа што тие во основа се народни – нивни претставници и имаат право да го оценат изјаснувањето како штетно па да повикаат на бојкот.

Притоа смешен е и Членот кој Камбовски го цитира.

Во Кривичниот законик е прецизен Членот 387: “Организирање на отпор” во кој стои:

“(1) Тој што ќе организира други на отпор или на непослушност спрема законити одлуки или мерки на државен орган ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

(2) Ако поради делото од став 1 дошло до неспроведување или до значително отежнување на спроведувањето на законита одлука или мерка на државен орган или делото го стори како водач на група сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.”

Според Кривичниот законик за организирање отпор кон законита одлука може да се добие затворска казна и до три години но членот е уште поригиден ако дошло до проблеми или тешкотии за спроведувањето на таа одлука па пропишува казна и до 5 години затвор за евентуална таква последица.

Камбовски како никој друг треба да знае дека овие членови не се однесуваат на Законот за Референдум во смисла која тој сака да ја наметне затоа што распишувањето на референдум е реализирана законска одлука со поднесување на барање од 30 пратеници. Како народот ќе гласа и како неговите политички претставници – пратениците ќе се изјаснат јавно или не – не се регулира со овој член.

Зошто Камбовски молчеше во 2004-та година кога владата на СДСМ со ДУИ и законодавниот дом каде имаа мнозинство повикаа на бојкот на Референдумот за законот за територијална поделба на Македонија?

И од Камбовски ако е – смешно е!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.