Маја го известила порталот инфомакс дека полицијата ја нocи во полициcкaта станица БЕКО.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 јули, 2019 18:32

ОБНОВЕНО: Мајката на Пино била уапсена бидејќи викала „Македонија, Македонија“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако претходно порталот Инфомакс објави дека Маја Трпковска , мајката на убиеното момче Пинета Секондо, е уапсена денеска на плоштадот Македонија, сега е објавена и видео снимка на која Маја ја открива причината за нејзиното апсење.

Мајката на Пино неколку пати организираше и протести пред Собранието, а Пино го бараше и Интерпол.

Маја го известила порталот инфомакс дека полицијата ја нocи во полициcкaта станица БЕКО.

Според извори на порталот, најверојатно Маја Трпковска протecтирала на плоштадот Македонија, каде го извикувала името на државата ,,Македонија”, по што таа и нејзините пријатели биле пpивeдени, поради досега непознати причини.

На видеото Маја видно револтирана, ја открива причината за нејзиното апсење.

Како што вели таа на плоштадот извикувала Македонија.

Јас само реков Македонија, значи не сме веќе Македонци, ние сме Германци, Швајцарци, се сме само Македонија не сме. Значи на јавен плоштад, во сред Скопје, не смее човек да рече Македонија. Ова е диктатура, изјави мајката на Пино пред камерите на Инфомакс.

Според неофицијални информации на порталот со неа се наоѓале и странски државјани кои исто така се пpивeдени.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести