Бројот на луѓе кои исчезнаа во пожарот во Калифорнија се искачи на 1.276, додека властите утврдија каде се наоѓаат стотина лица кои ги напуштиле нивните домови кога огнената стихија го зафати северниот град Парадајс.

Објавил: admin@magazin | 18 ноември, 2018 10:01

Обновено: Повеќе од 1200 исчезнати во пожарот во Калифорнија!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Форензичките тимови кои ги пребаруваат изгорените рушевини ги пронашле смртните останки на уште пет лица, соопштија локалните власти, со што смртниот биланс од огнената стихија која од четвртокот беснее во таа американска држава се искачи на 76.

Окружниот шериф Кори Хони изјави синоќа дека од четвртокот се трага по уште 228 лица. Тој на прес-конференција соопшти дека шест тела биле пронајдени вчера во градот Парадајс, 137 километри северно од Сакраменто, додавајќи дека 10 тимови за пребарување и укажување помош од цела држава помагаат во потрагата по други жртви. Градот Парадајс е речиси целосно уништен, со оглед на тоа дека е центар на огнената стихија. До сега околу 7.000 згради целосно изгореа во Северна Калифорнија, јави државната шумска служба.

Властите користат мобилна ДНК-лабораторија и помош од антрополози за да ги идентификуваат жртвите. Во некои случаи, истражувачите успеале да пронајдат само делови од коските на мртвите. Во делови на градот Парадајс е многу тешко да се утврди дали има останки на луѓе, бидејќи сè е изгорено.

Луѓето кои бегаат од катастрофата засолниште бараат кај пријатели или роднини, како и во центрите за евакуација, поради што голем број јавни објекти се претворени во прифатни центри.
Гувернерот Џери Браун побара помош од Белата куќа.

Претседателот Доналд Трамп одобри финансиски средства, обвини за „слабо” справување со ситуацијата, што гувернерот го негира.
Пожарникарите, кои со булдожери и лопати се борат со огнот, очекуваат налети на ветер со брзина од 64 км/ч. Сè уште нема прогноза за дожд.

Постојат стравувања дека во следните неколку часа ветрот ќе предизвика ново ширење на пожарите, поради кои околу 300 илјади лица од Калифорнија се веќе евакуирани. Меѓу евакуираните се и познати личности, како актерот Џерар Батлер, пејачката Лејди Гага, Ким Кардашијан, Алиса Милано, Кетлин Џенер и други.

[ngg src=”galleries” ids=”24″ display=”pro_horizontal_filmstrip”]

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.