Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој посочи дека кај лицето не се забележани траги на насилство и оти се работи за природна смрт.

Објавил: Весна Петровска | 27 јуни, 2019 22:46

ОБНОВЕНО: Трагедија во Охрид – познат идентитетот на мртвиот маж

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

СВР Охрид излезе со официјалните информации за трагедија во Охрид.

Повозрасен маж од Тетово денеска е пронајден мртов на Самоиловата тврдина во Охрид.

Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој посочи дека кај лицето не се забележани траги на насилство и оти се работи за природна смрт.

Полицијата излезе со официјални информации за трагедијата воп Охрид.

– По барање на Јавен обвинител утре ќе биде направена обдукција врз телото на починатиот, изјави Димоски.

По пријава на граѓани веднаш на местото пристигнала екипа на Брзата помош, која констатирала смрт.

Според првичните информации, станува збор за лице на околу 60-годиншна возраст.

За потсетување,денеска во Охрид околу 12 часот, турист од Република Србија во Самоиловата тврдина во Охрид забележал тело на човек, при што била повикана Брза помош. Од страна Итната Медицинска Помош констатирана била смрт. Се работи за маж, за кој не е познат индентитетот, ниту причината за смрт.

Како што дознава Редакцијата Охридскај, присутна е полиција, додека никој не знае како настанала смртта и на кој начин, а уште потрагично е тоа што ЈУ Завод и музеј Охрид има вработени кои се задолжени за наплата на влез и безбедност на посетителите.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...