Според Генералниот директорат за цивилно воздухопловство, во авионот имало 178 возрасни патници, едно дете, две бебиња, двајца пилоти и пет члена на кабинскиот екипаж.

Објавил: Македонка Димкин | 29 октомври, 2018 10:04

ОБНОВЕНО – Трагедија: Се урна Авион во близина на Џакарта!

Фото/Текст извор: ©Keystone / Магазин

Во Индонезија, се урна патнички авион со 188 лица. Според спасувачките власти, машината се урна во морето.

Боингот 737 од индонезиската авиокомпанија “Лајон Ер” исчезна во понеделникот неколку минути по полетувањето во главниот град Џакарта од радарските екрани.

Во 2013 година, повеќе од сто патници на авиокомпанијата ЛИОН со авионот Боинг 737-800 имаа среќа кога авионот излета од пистата.

Се верува дека авионот паднал на пат кон островот Бангка во морето. Службите за итни случаи ги открија првите распарчени делови од авионот, како што објавија властите.

Надежта за наоѓање на преживеани е мала.

Според Генералниот директорат за цивилно воздухопловство, во авионот имало 178 возрасни патници , едно дете, две бебиња, двајца пилоти и пет члена на кабинскиот екипаж.

Авионот летал на домашна дестинација од Џакарта до Пангкал Пинганг на островот Бангка. Бројот на членовите на екипажот е највероватно со најмалку шест особи. Дали имало и странци на бордот сеуште не е објавено.

Lion Air е индонезиска авиокомпанија основана во 1999 година. Компанијата која брзо експанзира, користи модерни авиони произведени од Боинг и Ербас, и главно лета на дестинации во Индонезија. Меѓутоа, постојат и неколку странски дестинации . Во флотата се вклучени повеќе од 100 машини.

Дали имало Македонски граѓани исто така не е познато, имајќи во предвид дека македонските стјуардеси се насекаде.

Портпаролот на службите за итни случаи, Мухамед Syaugii, рече: “Ги откривме спасувачките жици, мобилните телефони и деловите на авионите.”

Се проценува дека остатоците од машината лежат во морето на длабочина од околу 35 метри.

Боинг полетал во 06:20 по локално време (00:20 CET) во Џакарта. Пред тоа летот JT-610 бил лоциран на Караван во провинцијата Запад Јава, изјави Јусуф Латиф, портпарол на Националната служба за пребарување и спасување.

Таму беше прекината и радиоврската, објави Центарот за контрола на летање.

Националната агенција за пребарување и спасување соопшти дека околу 300 луѓе, меѓу кои и војници, полицајци и локални рибари учествуваат во потрагата и оти до сега не е пронајдено ниту едно тело, туку само лични предмети на патниците и остатоци од авионот.

Се работи за авион „Боинг 737 макс 8“ кој на „Лајон ер“ му бил испорачан во август.

Шефот на националната агенција за пребарување и спасување на Индонезија, Мухамед Сјауги претходно изјави дека се верува оти трупот на авионот е на дното на морето на длабочина од околу 35 метри.

Портпаролот на „Боинг“ изјави дека компанијата внимателно ја следи ситуацијата, но не даде детали за авионот.

Ова е втора најтешка авионска несреќа во Индонезија откако авион на „ЕрЕјжа“ од Сурабаја кон Сингапур се урна во морето во декември 2014, кога загинаа сите 162 луѓе во леталото. ВО 2013 година патниците на тогаш излетаниот авион од пистата имаа среќа.


Во меѓувреме, Јоханес Сирајт, портпарол на индонезиската служба за контрола на воздушниот сообраќај соопшти дека екипажот на авионот побарал леталото да се врати во Џакарта непосредно пред да биде изгубен контакт со него. Диспечерите дозволиле авионот да се врати, но тогаш бил изгубен контакт со него, додаде Сирајт. Контактот е изгубен 13 минути по полетувањето на авионот.


29,10,2018 Обновено:

Истражителите на несреќата со голем интензитет трагаат по причините на оваа кобна несреќа. Уривањето на индонезискиот авион е дотолку несфатливо бидејќи авионот бил сосема нов и опремен со најнова технологија.

Авионот Боинг 737 Макс-8 бил потполно нов, односно бил пуштен во употреба во август (поминал вкупно 800 часа во лет). Моделот Макс-8 е најсовремена верзија на Боинг 737, додека безбедноста на авиокомпанијата „Лајон ер“ неодамна била унапредена на највисоко ниво. Не биле пријавени ниту лоши временски услови.

Згора, несреќата се случи во период во период кога сигурноста на авионските летови беше на забележително ниво, бидејќи во 2017 година, ниту еден патник не загинал на комерцијален лет, никаде во светот.

Единствената назнака за трагедијата би можел да биде техничкиот дефект пријавен на претходниот лет на авионот, кој во меѓувреме бил поправен. 

Летот ЈТ610 полетал од аеродромот во индонезискиот главен град Џакарта, упатувајќи се кон Панкал Пинанг, по што ја загубил врската со контролата на летање, 13 минути подоцна и се срушил во морето. 

Минатата година контролата на летањето  во Џакарта се пожалила на зголемениот интензитет на сообраќајот, но тоа не бил случај при денешниот лет. Индонезиските истражители на авионски несреќи кои имаат добра репутација, ќе треба да откријат што го предизвикало уривањето на модерниот авионски модел. Тие ќе испитуваат можен механички дефект, човечка грешка, последица на временските услови, како и вклученост на криминални фактори.

Се претпоставува дека нема преживеани во трагедијата а спасувачките екипи досега извлекоа шест тела од морето, на местото на несреќата, а пронајдоа и остатоци за кои се претпоставува дека се од опашката на авионот, пренесува Си-ен-ен. 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.