Министерката истакна дека со ова е постигнат голем успех бидејќи за само три дена се скенирани над 60 проценти повеќе сметки на дневно ниво, зголемена е наплатата на ДДВ за 15 проценти, како и дека има трипати повеќе нови корисници на мобилната апликација.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 декември, 2019 10:55

Објавени првите 30 наградени од МојДДВ #МојаНаграда- проверете дали сте меѓу нив

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото кајгана

Министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил објави дека досега во наградната игра МојДДВ #МојаНаграда учествуваат 110 илјади граѓани а веќе се доделените и првите 30 награди, 

Во натпреварувањето ќе учествуваат фискални сметки во периодот на еден месец од едно до друго извлекување. Нема да учествуваат фискални сметки што веќе биле добитни на дневна награда.

Министерката истакна дека со ова е постигнат голем успех бидејќи за само три дена се скенирани над 60 проценти повеќе сметки на дневно ниво, зголемена е наплатата на ДДВ за 15 проценти, како и дека има трипати повеќе нови корисници на мобилната апликација.

– За само три дена, наградната игра МојДДВ #МојаНаграда успеа да ги триплира бројките: скенирани над 60% повеќе сметки на дневно ниво споредено со просекот пред почетокот на играта (од 260К на 400К на ден во просек), зголемена наплата на ДДВ за 15%, споредено со просекот пред почетокот, три пати повеќе нови корисници на мобилната апликација на дневно ниво.Во наградната игра до сега учествуваат околу 110 000 граѓани, а во првите три дена доделени се и првите 30 награди, наведе Ангеловска.

Доделувањето на главните награди од по 3.000.000 денари ќе се одвива во посебни емисии на 18 март и 19 декември 2020 година. Наградната игра ќе трае една година, до 14 декември 2020 година.

Првите добитници на наградите можете да ги видите ТУКА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести