Се одмотува мистеријата кој се медиуми и јавни личности зеле пари од црните фондови на грчкото МНР, во Албанија но и Македонија за промоција на Преспанскиот договор

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 октомври, 2018 13:33

Објавено првото име кое добило пари од тајните фондови на грчкото МНР

Фото/Текст извор: ©kurir.mk

Писателот, водител и политички аналитичар Мустафа Нано е првото име кое се спомнува од албанските медиуми дека добивал пари од сметките на тајните фондови на грчкото министерство за надворешни работи.

Веста ја објави „Прото тема“, при тоа истакнувајќи дека се работи за сума од 30.000 евра.

58-годишен Нано важи за влијателна личност со либерални ставови и често е на мета на критики од страна на албанските националистички кругови.

Во последните неколку денови во Албанија, исто како и во Македонија, се пишува дека новинари, администратори на веб-страници, актери и политичари добиваат финансиски донации од Грција за да им служат на позициите и интересите на официјална Атина.

Минатата недела протекоа информации од грчкото министерство за надворешни работи дека се служи со таен фонд за помош на медиуми во Албанија и Македонија.

Во Македонија парите биле користени во пропагандни цели за поддршка и промоција на Преспанскиот договор, референдумот за промена на името и уставните измени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.