Основна цел на оваа мерка е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор во туристичките центри во Република Македонија, и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа!

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 мај, 2021 16:51

Објавен Јавен повик за пријавување на хотели за прием на гости со ваучери за туризам за работници со ниски приходи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за економија го објави Јавниот повик за пријавување на интерес од страна на угостителските објекти за сместување за прием на гости кои ќе добијат Потврда за одмор на работници со ниски приходи во вредност од 12.000 денари.

Основна цел на оваа мерка е да  им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор во туристичките центри во Република Македонија, и во исто време да  им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа!

Право на учество на јавниот повик имаат сите категоризирани угостителски објекти за сместување (хотели) кои се лиценцирани и се во туристичките центри во Република Северна Македонија и туристичките агенции со А Лиценца. 

За пријавување на интерес угостителските објекти за сместување (хотели) и туристички агенции со лиценца А до Министерството за економија треба да достават пополнет образец за барање за пријавување на интерес (готов формулар).

По пријавување на угостителските објекти и туристичките агенции, Министерството за економија ќе објави и јавен повик за сите лица кои сакат да добијат ваучер за туризам во вредност од 12.000 денари. 

Ваучер за користење на одмор ќе добијат сите лица со ниски приходи кои што ќе аплицираат на јавниот повик, чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износ од 30.000 денари.

Крајниот рок за аплицирање е 31.05.2021 година.

Вкупниот буџет за реализација на проектот е 15.000.000 денари.

Јавниот повик е објавен на веб страната на Министерството за економија: https://www.economy.gov.mk/doc/2970

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од туризам

Со оглед на тоа дека данокот на имот е општински данок, Советот на Град Скопје, односно на општините, самостојно носат одлуки за даночната стапка во рамките на законот, или пак со одлука, поради кризна состојба ја одложуваат примената на регулативата.

За празен стан во Охрид ќе се плаќа троен данок

Измените на Законот за данок на имот со кои има тројно оданочување на стан во кој не...

Проекциите и очекувањата на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот се дека до крајот на тековната година ќе бидат остварени стратешки планираните некаде до 2,2 милиони ноќевања, што е на нивото на 2015 година!

Јаневски: Очекуваме наредната година да бидат остварени 2,5 милиони ноќевања

Туризмот како дејност генерално е меѓу најсериозно засегнатите стопански гранки од...

Во исто време бројот на ноќевања е зголемен за 46,6%. Во првите седум месеци годинава се регистрирани вкупно 317.713 туристи кои оствариле 1.034.645 ноќевања.

Бројот на туристи зголемен за 56,6% за седум месеци, мерките даваат резултат, туризмот се враќа во нормала, велат од владата

Мерките на Министерството за економија даваат резултат, туризмот пополека се враќа...