Македонската академска јавност се повеќе обединета дека уставните измени не смее да поминат, со што по подолго време државата добива јасна критичка маса со аргументи

Објавил: Мартин Попоски | 19 ноември, 2018 7:27

Оваа багра ниту Господ не може да ја спаси од нејзиниот народ!

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И угледниот македонски професор при Универзитетот Колумбија во САД, Росоклија, се огласи на социјалните мрежи во врска со обидите за се спречи одржувањето на синоќешниот протест во Скопје.

Оваа багра ниту Господ не може да ја спаси од нејзиниот народ! – напиша Горазд Росоклија започнувајќи ја својата објава на социјалните мрежи во која што ја критикува власта и нејзините постапки за да се спречи протестот.

Власт која од сопствениот народ се обидува да се спаси со блокада на патишта, не сфатила дека идејата, достоинството и слободниот човек не можат да бидат запрени или уништени со физички бариери.

Ништо и никој не може да ги спаси! – пишува Росоклија.

Реакцијата на Росоклија уследи по повикот од неговата колешка, Билјана Ванковска која на социјалните мрежи истакна дека власта се обидува да го спречи одржувањето на протестот против промена на името.

Професорката Ванковска напиша:

Повик до Скопјани! Патиштата низ Македонија систематски ги блокираат што поради наводни сообраќајни незгоди, што поради снег! Ако другите не стасаат од внатрешноста, одговорноста за масовноста на собирот зависи од нас! Изговори нема!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести