Дека е заразена со вирусот знаела во моментот кога излегла од својот дом во Сан Франциско и почувствувала мирис на чад – симптом кој е поврзан со губење на чувството за мирис.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 јуни, 2020 11:59

Оваа докторка е позитивна на коронавирусот веќе 90 дена- го изгубила чувството за мирис и вкус!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Иако многумина не веруваат во вирусот Ковид 19, и велат дека е измислен, сепак овој вирус постои и е многу сериозен и подмолен. Имено доказ за тоа е докторката Колин Кивлахан која веќе 90 дена е заболена од Коронавирусот. Таа и по толку време се уште е позитивна на Ковид 19.

Дека е заразена со вирусот знаела во моментот кога излегла од својот дом во Сан Франциско и почувствувала мирис на чад – симптом кој е поврзан со губење на чувството за мирис.

„Иако симптомите се лесни, тие и натаму се тука. Јас сум дел од многу малата група на „упорно позитивни“ луѓе“, изјави докторката од Сан Франциско, САД.

Доктор Колин во изолација е од 6 ти март. За тоа време, дел од нејзините колеги биле позитивни на коронавирусот, оздравеле и се вратиле на своите рабони места, но само таа се уште е во изолација и не знае кога ќе заврши сето ова.

„Не знаеме зошто сум упорно позитивна и кога ќе бидам негативна“, изјави Кивлахан.

Ова е прв пат да слушнам дека пациент сè уште да биде позитивен и три месеци после инфекцијата, вели доктор Питер Чиун-Хонг, специјалист за заразни болести за “SF Chronicle”.

„Во рок од 8 дена се појавуваат симптомите и вирусот нормално умира. Би бил шокиран ако тој е уште жив. Имам чувство дека станува збор за упорни фрагменти на вирусот, но никој не знае со сигурност“, изјави Чиун-Хонг.

Докторката се заразила со вирусот три дена откако ги прегледала пациентите со стандардни симптоми на Ковид-19, и потоа ги почувствувала и самата. По првите симптоми таа веднаш останала дома со нејзиниот сопруг кој исто така бил заразен.

По 12 дена Колин се чувствувала подобро, но потоа се случило нешто сомнително. Таа го изгубила гласот и многу кашлала. Повторно отишла на тест за коронавирус на 26-ти март и била позитивна, и сè уште ѝ се нема вратено чувството за мирис и вкус.

„Константно чувствувам лажен мирис на чад околу мене. Ноќите беа страшни, во текот на денот беше подобро. Не сакав да лежам во болница“, раскажува таа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.