Исто така тој побара од надлежните институции ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата за случајот „Рекет“, како и одговорност за сите инволвирани во аферата.

Објавил: Весна Петровска | 12 август, 2019 14:33

„Оваа земја не може сама ни милиметар, ни милиметар без тутор и режија, а сите вие сте жртви“

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Актерот Сашо Тасевски повторно гласен на темата „Рекет“ овој пат удри по претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.

– Штама неколку дена. И во ЕУ и кај нас. Дури денес собраа душа и почна орјестарот, сите од италијанскиот медиум биле лошотии, фашисти криминалци, антиЕУ… Биле вмровски медиум… Малоумен нема тоа да го смисли… Се пука истото од сите владини порталчиња и полтрончиња. Токму ВО ИСТ ДЕН кога го повлекоа под притисок првиот клип каде ја напаѓаат Могерини и ја обвинуваат ЕУ за обид да се прикрие скандалот со Рекет. Во ист ден се јавува и претседателот, кој ќутеше неколку дена. Оркестар Титаник, ориџинале. Од денес почнува новата ера на чесност, ќе имало апсења, распити, ова она, а до вчера обвинителите дремеа на море и чекаа од ЕУ и амбасадата на Тате да им викнат СТАРТ.
Оваа земја не може сама ни милиметар. Ни милиметар без тутор и режија, а сите вие сте жртви, во кој табор и да сте.
Ол рајт, ќе ви ги послушаме малоумните спинови, до новата бомба на италијанчињата, после пак расфрчете се на некоја плажа и чекајте понатамошни инструкции.
Само си ја продолжувате агонијата до недоглед, напиша тој.

Инаку претседателот на државата Стево Пендаровски попладнево конечно се огласи за најголемата рекетарска афера во земјава.

Претседателот Пендаровски конечно излезе и даде изјава за случајот „Рекет“

Тој на прес конференцијата изјави дека случајот „Рекет“ мора да биде расветлен и дека со овој скандал прваната држава е на огромен тест.

– Оваа тешка ситуација ја става на огромен тест правната држава, надлежните институции, и сите нас – одговроните политичари. Ако надлежните правосудни органи ја истераат работата до крај, а очекувам да биде така и никако поинаку, во тој случај, ќе докажеме дека навистина функцинира всистемот, а тоа енајдобриот начин да се врати довербата на граѓаните и на целокупмната јавност во органите на прогонот. Во спротивно ризикуваме нашите граѓани да ја згубат вербата во сиоте нас политичарите и во својата држава, но овојпат дефинитивно, рече Пендаровски.

Исто така тој побара од надлежните институции ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата за случајот „Рекет“, како и одговорност за сите инволвирани во аферата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.