четврток, 25 април 2024

MK/ EN/ DE



Оваа одлука се однесува на основните и средните училишта на територијата на Град Скопје

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 јуни, 2019 14:22

Оваа сабота ќе се обработува денот кој беше неработен поради посетата на Папата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата на вчерашната седница донесе одлука дека 7 мај, денот кој беше прогласен за неработен ден поради историската посета на папата Франциск, да биде одработен на 8 јуни, односно оваа сабота.

Папата Франциск на 7ми мај беше во историска посета на Македонија

-Оваа одлука се однесува на основните и средните училишта на територијата на Град Скопје кои го немаат одработено овој ден во претходниот период, како и за детските градинки и здравствените установи на територијата на Град Скопје, кои од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство ќе добијат планови за работењето во овие дејности, соопштија од Владата.

Владата ја донесе ваквата одлука со цел да се одработи денот кој беше неработен во чест на посетата на папата Франциск, и му препорачува и на приватниот сектор на територијата на Град Скопје, да ја спроведе оваа одлука овој ден да биде работен и за вработените во овој сектор доколку 7 мај бил неработен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.