Тие таму престојувале неколку дена, а судејќи по киднаперот малата Моника ја изнесувал ретко на „сонце“ за да не види девојчето каде се наоѓа.

Објавил: Весна Петровска | 30 декември, 2019 13:24

ОВА Е КУЌАТА НА СТРАВОТ И УЖАСОТ КАДЕ БИЛА ЗАРОБЕНА МОНИКА: Насекаде расфрлани работи, жилети и остатоци од храна!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Шерпа каде Моника уринирала, жилети, превртени јоргани, отпадоци од храна, се тоа може да се види во куќата на стравот и ужасот каде Нинослав Јовановиќ ја држел затворена 12-годишната Моника Каримановиќ.

Тие таму престојувале неколку дена, а судејќи по киднаперот малата Моника ја изнесувал ретко на „сонце“ за да не види девојчето каде се наоѓа.

Киднаперот 10 дена ја држел малата Моника, преживеала големи трауми.

– Ние тука доаѓаме во лето, а сега случајно сме дошле да завршиме некоја работа. Кога го здогледавме детето и киднаперот, се заледивме, вели Емили Живиќ која е сопственичка на таа куќа.

Девојчето се опоравува до траумите кои ги добила од киднаперот, а злосторникот и понатаму е во бегство.

Моника Кармановиќ е сослушана во текот на ноќта во Клиничкиот центар во Ниш, а според пријавеното таа открила што се случило.

Рекла дека Нинослав лажно и се претставил и ја прелаќал да појде со него, па раскажала и низ што поминала изминативе неколку денови.

Ова е куќата на стравот, Моника се опоравува, а монструмот и понатаму е во бегство

Таа била мачена и злоставувана, но сега е психички стабилна.

Информацијата дека девојчето дало исказ, ја потврдила и полицијата.

– Таа беше свесна и комуникативна, но видно исплашена. Монструмот веројатно побегнал кога слушнал дека доаѓа полицијата.Кога полицијата пристигнала во куќата Ммоника викала „ве молам немојте да ме тепате“,што џзначи дека детето е малтретирано.

Доброволно се согласи да даде изјава пред обвинител и претставник на социјалната служба. Не можам да соопштувам детали, но едно е сигурно дека детето е малтретирано- рекла државната сескретарка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.