Според Крис Ледер, офицер на РЦМП, полицијата за криминал примила неколку повици доцна во саботата навечер од граѓаните на Портапику во врска со неколку пукања на различни локации во руралната заедница каде живеат само во текот на зимата околу стотина луѓе, а околу 250 во лето.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 април, 2020 12:02

ОВА Е МОНСТРУМОТ КОЈ УБИ 16 ЛУЃЕ ВО КАНАДА: Од местото на злосторството побегнал со полициско возило, драмата траела 12 часа!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/CBS njuz/CTV njuz/Blic

Бројот на загинати на крвавата недела, што се случи во текот на вчерашниот ден во Нова Шкотска, Канада, се зголеми од 10 на 16. Исто така, откриени се нови детали за 12-часовната драма што се смета за една од најголемите масакри на канадско тло.

Според Крис Ледер, офицер на РЦМП, полицијата за криминал примила неколку повици доцна во саботата навечер од граѓаните на Портапику во врска со неколку пукања на различни локации во руралната заедница каде живеат само во текот на зимата околу стотина луѓе, а околу 250 во лето.

Полицијата била повикана околу половина час пред полноќ. Кога полицајците пристигнале на местото на настанот, тие пронашле „неколку жртви“, рече Ледер.

„Ова беше ситуација која брзо се развива и настана хаотична сцена“, рече тој.

Потоа полицијата ги повика жителите да останат во своите заклучени домови.

Бегство со полициски автомобил

Напаѓачот, кој подоцна беше идентификуван како стоматолошки техничар Габриел Вортман (51), веќе беше во бегство. Тој не е жител на местото, но според „Хрониката хералд“, поседувал два имоти во Портапику. Бил вработен на две клиники во Дартмут, Халифакс.

Вортман избегал од местото на злосторството преправен во полициски службеник во „автомобил означен со 28Б11, наликувајќи на автомобили што ги користи РЦМП“, се вели во полициската објава на Твитер.

Во еден од следните твитови, тие објавија дека автомобилот на напаѓачот сè уште се разликува во еден детал од нивните возила – задниот прозорец на вратата. Исто така, полицијата наскоро објави дека напаѓачот не е вработен кај нив. Не е познато како ја стекнал полициската униформа и оружјето што го користел.

Филмска бркотница

Потерата по Вортман траеше цели 12 часа, до недела попладне, и, според пишувањето на канадските медиуми, тоа личеше на акционен филм.

Додека полицијата ја држела во опсада клиниката во Дартмут каде бил вработен  Вортман, тој го сменил своето возило и се префрлил во сребрен Шевролет, продолжувајќи да бега по автопатот.

Фотографии од запалени полициски автомобили на автопатот се појавија во некои медиуми, а потоа и на социјалните мрежи. Една локална жителка, исто така, сведочеше за канадската CBC News дека наишла на две полициски возила кои гореле на автопатот во неделата наутро. Нејасно е како се случило тоа, ниту полицијата даде коментири за тоа.

Неколку часовната потера по Вортман заврши наредниот ден во недела, околу пладне, кога застана на бензинска пумпа на околу 90 километри од Портапику каде се слушнаа првите истрели.

Следуваше пресметка со полицијата во која загина Хајди Стивенсон, службеник на РЦМП, која имала само 23 години.

Не е познато дали самиот вооруженик бил убиен во престрелката. Полицијата најпрво соопшти дека Вортман е приведен и е во притвор, но сведоци на настанот интервјуирани од новинарите на КТВ тврдат дека тој бил убиен. Неколку други канадски медиуми објавија дека напаѓачот е убиен, а некои од нив се повикуваат на полицијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.