На крајот од соопштението стои – Се е тоа музика, а музиката или е музика, или ја нема, познатото мото на пејачката.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 февруари, 2020 11:55

Ова е непочитување на уметничката слобода- се огласи Јосипа Лисац по скандалот со химната!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако вчера хрватската пејачка Јосипа Лисац, која ја изведе националната химна на Хрватска заработи кривична пријава, и по сите негативни коментари од јавноста дека таа несоодветно ја извела химната на инаугурацијата на претседателот Зоран Милановиќ се огласи и компанијата Кроација Рекордс и ХГУ Загреб (Хрватска глазбена унија) која засана зад музичката дива.

Јосипа Лисац (14 февруари 1950 во Загреб) — хрватска пејачка која во 1960–тите била член на групата Златни Акорди. Нејзиниот прв солистички албум Dnevnik jedne ljubavi бил издаден во 1973 година, и критиката го смета за едно од позначајните остварувања во хрватската музичка историја. Во 1987 Лисац конкурирала на Југовизија со цел да ја претставува Југославија на Евровизија, каде со песната „Gdje Dunav ljubi nebo“ завршила деветта од вкупно 24 натпреварувачи. Освен рок нумери, Лисац пеела и босански севдалинки и хрватски божиќни песни. Била почитувана на југословенската музичка сцена поради силниот глас и автентичниот моден стил.

-До сите медиуми и учесници во расправите на социјалните мрежи, кои веќе неколку дена неуморно расправаат за химната и изведбата на музичката дива, госпоѓа Јосипа Лисац. За жал, овде станува збор за потполно непочитување на уметничката слобода и креација на вокалистката, чиј стил го обожуваат генерации и ја гледаат како една од најголемите легенди на домашната музичка сцена.На секој добронамерен човек му е јасно дека не се работи за никаква навреда на химната, стилот и начинот на интерпретација на Јосипа Лисац е општо познат. Оваа ситуација е доказ дека живееме во друштво во кое сериозно се разнишани основните човечки и културни вредности, како и начинот на комуникација.По молбата на госпоѓата Лисац, сакаме да ве информираме дека таа повеќе нема да ги коментира реакциите за изведбата на химната на Република Хрватска.Нема да ги коментира ниту предлозите за кривичната пријава, ниту било какви слични реакции на поединци, здруженија или медиуми – стои во соопштението.

На крајот од соопштението стои – Се е тоа музика, а музиката или е музика, или ја нема, познатото мото на пејачката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.