Локалните медиуми наведуваат дека умерената политичарка која е блиска до канцеларката има големи шанси да ја наследи Ангела Меркел .

Објавил: admin@magazin | 7 декември, 2018 20:12

Ова е новата наследничка на Ангела Меркел

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Анегрет Крамп-Каренбауер е избрана од страна на  Христијанско/демократската унија  за наследничка на Ангела Меркел и таа застана на чело на најголемата германска партија.

Германските медиуми наведуваат дека Анегрет Крамп е многу блиска до канцеларката има многу големи предности и амбиции да ја наследи Ангела Меркел и да застане на чело на Владата.

За Крамп-Каренбауер гласаа 517 од 1001 делегат на Христијанско/демократската унија.Таа е позната под акронимот АКК, а зад себе во вториот круг го остави фаворитот на конзервативното крило Фридрих Мерк, кој доби 482 гласа.
Ангела Меркел беше на чело на партијата цели 18 години.

Ангела Меркел е германска политичарка и поранешен научник, која е канцелар на Германија од 2005 и лидер на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) од 2000. Таа е прва жена која е избрана на таа функција.Ангела Меркел била опишувана како де факто лидер на Европската Унија,и рангирана за втора највлијателна личност во светот од страна на списанието Forbes во 2012, највисок пласман некогаш постигнат од страна на некоја жена, додека според најновите рангирање е сместена на петтото место.

Неделникот Шпигл објави дека Анегрет Крамп-Каренбауер е целосно продолжение на Ангела Меркел. Таа наликува на Меркел по начинот на кој се изразува, со концентрирање на суштината и секако фактот дека е жена, кој сака нов стил и концепција во ЦДУ. Крамп беше првиот премиер од 2011 до 2018 на Германската покраина Сарланд и исто така четврта жена која раководела на некоја од германските сојузни држави.Таа од 2002 до 2004 година беше министерка за внатрешни работи на Сарланд, и исто така прва жена која била на таква функција во Германија.

Претседателката на ЦДУ не е само лидер на најголемата партија таа мора да стане и канцеларка. Изборите ќе се одржат во 2021 година. Меркел најави дека сака и понатаму да остане канцеларка до крајот на својот мандат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести