Погребан Петар Ѓурчиновски.

Објавил: Македонка Димкин | 29 декември, 2019 18:15

Ова е полицаецот кој вчера трагично загина кај Гостивар(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©фејсбук

Денес беше погребан младиот полицаец Петар Ѓурчиновски кој загина кај Гостивар во тешка сообраќајна несреќа во моментот додека вршел увид на друга собраќајна несреќа.

Пратеникот Валтко Ѓорчев на неговиот статус напиша трогателен статус;

Бог да го прости Петар Ѓурчиновски (1996 – 2019) од Тумчевиште (Гостиварско).

Денес се простивме од него во црквата Св. Димитрија во Тумчевиште. Го испративме од местото каде што се среќававме, каде што играше фудбал, каде што живееше.

Денес се простивме од него во црквата Св. Димитрија во Тумчевиште. Го испративме од местото каде што се среќававме, каде што играше фудбал, каде што живееше.

Полицаец, син, брат, другар, фудбалер… Претходно Петар беше активист на УМС, син на Зоран Ѓурчиновски, легендарен претседател на нашиот МК напиша Ѓорчев

Добро и патриотско семејство. Загина вчера на 23 години, како полицаец на должност, на увид на сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Гостивар. Силно, СИЛНО ја сакаше Македонија.

Голема трагедија. Сочувство до семејството.

Оваа година на 21 Јуни истот така во слична ситуација погина еден полицаец а другиот беше тешко повреден, кога на кривина контролирале возила без предходно да ја обезбедат сигурноста во сообраќајот како штпо е пропишано во законот.

Се поставува прашањето кој потфрли, МВР што праќа недоволно обучени полицајци или пак несовесните возачи кои возат како да се во дивина

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести