Вучиќ кој воедно е и претседател на Српската народна странка, по победата се обрати до јавноста од штабот на партијата. СНС освои над 62,5 отсто од гласовите.

Објавил: Владо Марин | 23 јуни, 2020 4:44

ВИДЕО: Ова е убавата ќерка Милица на српскиот претседател Вучиќ: Заедно во штабот ја славеа победата на СНС

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Досегашниот српски претседател Александар Вучиќ, вчера ја запечати својата иднина со уште еден мандат откако убедливо победи на изборите.

Тој го прослави триумфот во својот штаб со најблиските соборци. Тука беше премиерката Ана Брнабиќ, докторката Кисиќ, како и министерот за економија, Синиша Мали.

Но Вучиќ беше најзадоволен што покрај него беше и ќерката Милица со која запеаја и изиграа едно оро пеејќи српски песни!

Вучиќ кој воедно е и претседател на Српската народна странка, по победата се обрати до јавноста од штабот на партијата.

СНС освои над 62,5 отсто од гласовите.

-Во политиката сум долго, но ваков момент никогаш не сум доживеал. Вечерва ја добивме најголемата доверба од граѓаните во услови кога е тоа неверојатно. Добивме повеќе од 2 милиона гласа. Победивме страшно убедливо и таму каде никогаш не сме победувале. Победивме од Чикаго до Виена, Москва, со дури 57 отсто, а во Сочи со неверојатни 95 отсто – рекол Вучиќ, додека ракоплескањето од присутните не престанувало.

На изборите своето гласачко право беа во можност да го искористат 6.583.665 граѓани на 8.386 гласачки места, меѓу кои и на 140 места на Косово и во 42 амбасади на Србија.

Гласањето беше проследено со многу малку странски набљудувачи- ОДИХР и мисијата ЕНЕМО (Европска мрежа на организации за мониторинг на изборите) чии извештаи ќе бидат основа за институциите на ЕУ да ја проценат исправноста и демократијата во изборниот процес на Србија.

Официјалните резултати од изборите РИК ги објавува во Службен весник, не подоцна од 96 часа по завршувањето на гласањето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.