Напаѓачот бил совладан од професор од училиштето и според информациите од Србија кај него биле пронајдени и рачна бомба, пиштол и експлозив.

Објавил: admin@magazin | 23 ноември, 2019 8:59

Ова е ХЕРОЈОТ УЧИТЕЛ што спречи терористички напад во српско училиште(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вистинска драма се случуваше вчера во средно училиште на истокот на Србија, откако маж влегол во зградата и отворил оган со автоматска пушка, но за среќа немало повредени.

Напаѓачот бил совладан од професор од училиштето и според информациите од Србија кај него биле пронајдени и рачна бомба, пиштол и експлозив.
Како што пишуваат српските медиуми станува збор за лице со психички проблеми.

„Дете од наша колешка, која работи во средно економко-угостителско училиште ѝ испратило на мајка му порака дека некој човек влетал со калашникот во училиштето и почнал да пука и дека нив, децата, потоа ги извадиле надвор од училиштето“.

Напаѓачот го совладал наставникот по физичко образование од училиштето, Славољуб Стојадиновиќ.

Со овие зборови започнува драмата која се случила во средното училиште во Голема Плана, вчера попладне, кога вооружен маж влетал внатре во училиштето за да предизвика неред.

Една од работничките во аптеката која се наоѓала во близина таа не слушнала пукање, но слушнала кога поминала брзата помош.

„Ние навистина не слушнавме никакво пукање, а дека нешто се случува сфативме кога детето на колешката ѝ испрати порака дека некој човек влегол во училиштето и почнал да пука со калашникот. Знаев дека веднаш ги евакуирале децата што потврдило и детето кое рекло дека сите се надвор без јакни“ – раскажала некоја жена која работела во аптеката која била во близина на настанот.

Горан Т. (46), наводно психички болен, влетал вооружен во средното училиште и почнал да пука. За среќа никој не бил повреден, а го совладал наставникот по физичко образование од училиштето, Славољуб Стојадиновиќ. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...