Озен Фератов од Велес е среќниот добитник кој за 50 денари доби милион

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 март, 2019 20:23

Ова се вика вистинска среќа- Велешанец со грепка од 50 денари доби милион

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Озен Фератов од Велес е среќниот добитник кој за 50 денари доби милион гребејќи инстант лозова Златна рипка на Државна лотарија на Македонија.

Како што вели среќната грепка ја купил во Тобако КА-М во Велес кој вели дека многу пати до сега имал само замена, но и не некој поголема добивка.

Озен вели викендов решил да си ја проба среќата одново и купил инстант лозот Дијамант, кој за жал не му донел среќа, па проба со најновиот инстант Аладинова ламба, но и со тоа немал среќа па решил да купи Златна рипка, која всушност е и негов фаворит кога станува збор за инстант лозовите.

-Озен, наведуваат од ДЛМ, најмногу се забавува со овој инстант лоз, кој ни рече за него е наједноставен и до сега се покажал како најсреќен за него. 

Среќната добивка му ја донесе бројот 2, како број кој го има и во добитните и во броевите на Озен, а под него е впишана добивката од 1.000.000 денари.

Инстант лозот Златан рипка првпат Државна лотарија на Македонија го пласираше во септември 2016 година. Во продажба е четвртата серија.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.