Новогодишните желби на дечињата од одделот за онкологија и хематологија. Да бидеме сите дел од оваа хуманитарна акција.

Објавил: admin@magazin | 12 декември, 2018 12:46

Ова се новогодишните желби на дечињата од Одделот за онкологија и хематологија

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Новата година полека се наближува на прагот, а новогодишните желби  уште сега ги знаат децата од Одделот за онкологија и хематологија.

Да се соединиме сите заедно и да бидеме дел од оваа прекрасна акција. Да ги насмееме и израдуваме лицата на овие дечиња, кои заслужуваат многу повеќе од еден новогодишен подарок.
Како и секоја година традиционално акцијата се повторува и оваа година, и ве каниме сите заедно повторно да донесеме насмевки на оние на кои им се

Да помогнеме: Ова се новогодишните желби на дечињата од Одделот за онкологија и хематологија

најмногу потребни, на дечињата на Одделот за онкологија и хематологија и во одделот за деца со аутизам кои посетуваат вежби на Клиниката за Детски Болести во Скопје, стои во апелот.
Можете да донирате играчки, здрава храна, додатоци за во исхраната, витамини или пак било што друго кое сметате дека им е неопходно на овие дечиња.

Секој кој има желба може да донира и нешто посебно од се срце.
Биди и ти нечиј Дедо Мраз, затоа што празниците се за секого!
Играчките може да се оставаат во Art of Living Bio Shop, Ayurveda, Yoga & Meditation Centar секој работен ден од 17 до 21 часот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.