Во Народните театри во Скопје, ќе бидат прикажани првите претстави во 2019 година

Објавил: admin@magazin | 4 јануари, 2019 11:27

Ова се претставите и концертите во јануари

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Театрите во Скопје од средината на месецов ќе ги прикажат првите претстави во 2019 година.

Првата претстава на репертоарот на Македонскиот народен театар е „Не се клади на Енглези“ на 14 јануари, а во наредните два дена публиката во МНТ ќе може да ја види претставата „Животот е прекрасен“.

Годинава тој е насловен „Диско треска“ и ќе содржи диско хитови од 1970-тите години во целосно нови симфониски аранжмани.треска“ и ќе содржи диско хитови од 1970-тите години во целосно нови симфониски аранжмани.

Традиционалниот концерт на Македонската опера и балет за празникот Василица ќе го изведе на 12-ти и на 13 јануари.

Во Драмски театар првата претстава е закажана за 15 јануари – „Странци“, по која следно на програмата, според објавениот репертоар, е „Крал Иби“ на 23 јануари.
Театарот за деца и младинци на 10 јануари ќе ја изведе претставата „Оливер Твист“, а наредниот ден – „Пепелашка“. Македонската филхармонија првиот симфониски концерт во 2019 година е на 24 јануари, со солистот Лусјен Ренодин-Вари и диригентот Петер Феранец.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани