Во претходно интервју, таткото на Столе изјави дека не му е лесно кога гледа како неговиот син влегува во дуели со противници, но со тек на време се навикнал и сфатил дека тоа е основен дел од спортот.

Објавил: admin@magazin | 3 јуни, 2019 17:45

Ова се родителите на СТОЈАНЧЕ СТОИЛОВ, кои му ја дадоа најголемата поддршка од публиката!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сунчица и Климе Стоилови се родители на шампионот Столе Стоилов, кои го бодреа својот син и неговите соиграчи на трибините во Келн, Германија.

Родителите на нашиот ракометен шампион, заедно со навивачите, беа едни од најгласните за време на натпреварите, и скоро никогаш не пропуштале ракометен натпревар во текот на изминатите години, откако нивниот син започнал професионално да се занимава со ракомет.

-Прекрасни луѓе, комуникативни, со сите навивачи во Германија се дружеа. Заедно навиваме баш жестоко – вели новинарката Соња Алексовска. Неделковска, која заедно со својот син беше дел од фановите на Вардар за време на историскиот спортски успех.

Мирослав Поповски, кој е долгогодишен член на македонската фаланга во сите ракометни спортови, вели дека неговите родители се редовни на трибините.

-Таткото на Стоилов е препознатлив лик на натпреварите, но и неговата мајка е верен навивач, само што не се експонира во јавност. Заедно со мајките на останатите ракометари тие ги следат натпреварите и од се срце навиваат – вели Поповски.

Во едно интервју, таткото на Столе изјави дека не му е лесно кога гледа како неговиот син влегува во дуели со противници, но со тек на време се навикнал.

Стојанче Стоилов и неговиот брат.

-Не се вознемирувам, доколку не стане збор за некој навистина жесток удар, но можам да кажам дека мајка му е доста емотивна и реагира пред секој старт над него – раскажуваше Климе пред две години.

Стојанче Стоилов е македонски ракометар кој настапува за РК Вардар и за Македонската ракометна репрезентација.

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, којшто „Вардар“ го одиграл против полскиот „Келце“ во Скопје, на 11 април 2015 година, Стојанче Стоилов бил избран за дел од најдобриот тим на колото, а нешто подоцна, според гласовите на гледачите на Лигата на шампионите, бил прогласен за најдобар играч во првото коло од четвртфиналето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.