Денеска се објавени првите фотографии од браќата терористи кои на католички Велигден извршија самоубиство и при тоа убија повеќе од 40 лица, пишува Дејли Мејл.

Објавил: admin@magazin | 25 април, 2019 19:04

ОВА СЕ БОГАТИТЕ ТЕРОРИСТИ КОИ УБИЈА 40 ЛИЦА ВО 2 ХОТЕЛИ ВО ШРИ ЛАНКА!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Браќата Ибрахим се синови на милионерот Јонус Ибрахим, кој е богат трговец, а образованието го стекнале во приватни училишта во Коломбо.

Денеска се објавени првите фотографии од браќата терористи кои на католички Велигден извршија самоубиство, а при тоа убија повеќе од 40 лица во два хотели, пишува Дејли Мејл.

Во моментот кога терористите влегле во хотелите гостите појадувале, а неколку моменти покасно хотелскиот ресторан се претворил во место на хорор.

Иншаф и Илхам Ибрахим смирено влегле во хотелите Шангри Ла и Синамон Гранд, ги детонирале бомбите на своите елеци и притоа ги убиле гостите во хотелот кои во истиот момент појадувале.

По  шест одделни напади дојде до уште два напади и тоа во близина на зоолошката градина во Дехивала, предградие на главниот град Коломбо и во предградието Дематогода, исто така во главниот град Коломбо.
Според веста на британскиот информативен сервис “ББС” повикувајќи се на полицијата, во бомбашките напади чија цел беа три цркви и три хотели, како и во уште две предградија на главниот град на Шри Ланка, Коломбо, животот го загубија 207 лица, а над 400 лица се ранети.

Богатите браќа усмртија преку 40 странци кои се наоѓале на одмор, а меѓу убиените се и три деца. Само неколку часа подоцна полицијата се упатила во луксузниот дом кај бремената сопруга на Илхам, Фатима. Во истиот момент кога пристигнала полиција, таа се самоубила заедно со своите три деца и три полицајци.

Браќата Ибрахим се синови на милионерот Јонус Ибрахим, кој е познат трговец. На денот кога Ишнаф одлучил да ги убие невините луѓе во хотелот, ја известил својата сопруга дека ќе оди на службен пат. Тој живеел со својата сопруга и деца во куќа вредна 1,5 милиони фунти која се наоѓала на најелитното место во Коломбо.

Неговиот зет за сестра изјави дека тој никогаш не ја спомнувал Исламската држава и никогаш не покажувал симпатии кон екстремистите.

Најмалку 207 лица загинаа, а 450 се повредени во експлозии во католички цркви и хотели во Шри Ланка.
Беа пријавени осум експлозии. Три цркви во околината на Негомбо, Батикалаоа и Кочикаде во Коломбо беа на мета за време на Велигденските служби.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести