Најбогат е Беџет Пацоли, потпретседател на влада, со богатство од 724 милиони евра.

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 септември, 2019 18:47

ОВА СЕ 10-ТЕ НАЈБОГАТИ ПОЛИТИЧАРИ ВО КОСОВО, НА ЛИСТАТА СЕ НАОЃА И ЕДЕН СРБИН!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што пишуваат косовските медиуми најбогат политичар во Косово е Беџет Пацоли, потпретседател на влада, со богатство од 724 милиони евра. На второ место е Хашим Тачи, претседател, со богатство од 4,3 милиони евра.

Беџет Пацоли, Хашим Тачи, Рамуш Харадинај, Хајредин Куци, Фатмир Љимај, Бујар Букоши, Иса Мустафа, Дардан Гаши,Далибор Јефтиќ и Едита Тахири се десет најбогати политичари на Косово

Рамуш Харадинај поседува 1,9 милиони евра и голен недвижен имот, потоа Харедин Куци (кој е заменик премиер во Косово) со 1,4 милиони евра и Фатмир Љимљј (заменик премиер), со 882 илјади евра.

На списокот се наоѓаат уште:

– Бујар Букоши (заменик премиер), со 742 илјади евра

– Иса Мустафа, бивш премиер, денес лидер на опозиција, со 651 илјада евра.

– Дардан Гаши (член на преговарачкиот тим тим за дијалог со Србија), со 616 илјади евра.

– Далибор Јевтиќ (заменик претседател на владата на Косово), со 572 илјади евра.

– Едита Тахири (бивш заменик премиер и шеф на преговарачкиот тим за Србија) со 538 илјади евра

Беџет Пацоли е косовски политичар и поранешен претседател на Косово. Пред да се вклучи во политиката, тој бил претседател и генерален директор на Мабетекс, швајцарска градежна компанија, која го реконструирала Московскиот Кремљ.

Тој е познат како донатор и спонзор на голем број спортски клубови на Косово. Пацоли пред да биде избран за претседател бил лидер на Алијанса за Ново Косово. Освен ова, тој се смета за еден од најбогатите Албанци во светот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.