На социјалните мрежи осамна видео во кое луѓето се жалат дека во карантинот нема основни услови за хигиена и преспивање.

Објавил: admin@magazin | 18 март, 2020 0:28

ОВДЕ ЌЕ ФАТИМЕ БОЛЕСТ: Скинати перници, бубачки – музичарите во карантинот се жалат на условите(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Десетина граѓани кои велат дека биле во Австрија да настапуваат како музичка група се жалат дека само тие биле сместени во карантин во пепелиште. 

На социјалните мрежи осамна видео во кое луѓето се жалат дека во карантинот нема основни услови за хигиена и преспивање. Тие велат дека условите се катастрофални и апелираат до министерството за здравство да бидат однесени во домашен карантин.

ОВА Е СРАМОТА. Овде ние ќе фатиме болест, како ќе спиеме овде. Ќе замрзнеме овде, инсекти има насекаде. Нема услови ни за туширање ни ништо, во домашен карантин ќе ни биде подобро. Два пати сме тестирани, не проверија два пати и немаме никакви симптоми. Од 4 март до 17 март сме заедно, немаме никакви симптоми, велат музичарите кои се наоѓаат во карантин во пепелиште. 

Пепелиште е првиот пункт на кој ќе пристигаат нашите граѓани кои доаѓаат од високо ризичните земји. Ова ќе биде шанса, изолирано од останатиот дел на нашето население, да се направат првите проверки од страна на медицински лица и да се донесе одлука што понатаму.

И од Криволак ја праќаме пораката – бидете дома, останете здрави и помогнете ни да се справиме со овој голем предизвик“-порача министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска.

Пет нови случаи на носители на коронавирус се регистрирани попладнево, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Се работи за четри здравствени работници од приватна амбуланта во Дебар и сопруга на бизнисмен од Скопје кој веќе е во болничка изолација на Инфективната клиника.

„ Попладнево имаме дијагностицирани пет нови случаи, од кои четири се здравствени работници од Дебар. Со ова, вкупната бројка на заболени во нашата земја изнесува 31. Од петте новозаболени освен четирите здравствени работници од Дебар, позитивен е тестот на сопругата на веќе дијагностицираниот пациент којшто тест го потврдивме од болницата „Жан Митрев“ и таа ќе биде хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести“, рече Филипче.
„Дел се само носители позитивни, веројатно дека ќе ја развијат болеста и беа скринирани како резултат на поширокиот скриниг што започна да се прави денеска во овој регион“, појасни министерот и додаде дека утре во болницата во Дебар, ќе испратат двајца доктори од Клиниката за пулмологија за да го надополнат капацитетот и да помогнат на останатите здравствени работници, епидемиологот и тројцата инфектолози, кои се веќе таму, во однос на скринингот, во однос на третманот, во однос на домашните визите на пациентите кои се лекуваат во Дебар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести