Во документот се вели дека Русија го смета нуклеарното оружје исклучиво како средство за ограничување, додека нејзината примена е тајна мерка.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 јуни, 2020 10:02

ОВОЈ ДОКУМЕНТ ГО КРИЕШЕ ПУТИН: Откриени четири причини поради кои Русија ќе користи нуклеарно оружје!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Sputnjik

Рускиот претседател Владимир Путин ги утврди основите на државната политика во областа на нуклеарно ограничување. Документот за прв пат беше објавен на официјалниот портал за правни информации. До сега, тој секогаш беше во тајност.

Во документот се вели дека Русија го смета нуклеарното оружје исклучиво како средство за ограничување, додека нејзината примена е тајна мерка.

Текстот наведува четири услови под кои Русија може да користи нуклеарно оружје:

1. лансирање балистички ракети на територијата на Русија или нејзините сојузници

2. кога непријателот користи нуклеарно или некое друго оружје за масовно уништување

3. во случај на влијание врз стратешки важните државни и воени објекти

4. агресија со употреба на конвенционално оружје што може да го доведе во прашање постоењето на самата држава Русија

Последната уредба за основите на државната политика во областа на нуклеарно ограничување беше потпишана од Димитриј Медведев во 2010 година и имаше период на важење од 10 години.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести