Во античките времиња биберот бил ценет исто како и златото

Објавил: Hristijan Ilievski | 5 февруари, 2022 14:39

Овој зачин сите го имаме дома, тој е лек за многу болести

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Сушениот бибер се користи долго време поради вкусот и неговото лековито својство. Како зачин се употребува плодот на ова растение, кој е во форма на мали зрна.

Постојат повеќе видови на бибер, а се разликуваат по начинот на подготовката на зрното.

Бибер (латински Piper nigrum) е растение од семејството на Piperaceae. Потекнува од јужна Индија, но интензивно се одгледува и во други тропски предели. Виетнам е моментално најголем производител на бибер во светот. Во Европа, во античките времиња, пристигнувал со каравани и бил ценет исто како и златото. Во 1498 година Васко да Гама со брод го носи од Индија.

Благодарение на антибактериските својства, биберот се користи како природен конзерванс на храната. Претставува богат извор на манган, железо, калиум, витамин Ц, витамин К и растителни влакна.

Пиперинот е активна состојка на црниот бибер и благодарение на него се зголемува нивото на апсорпција на селенот, витаминот Б, бета каротинот како и другите важни состојки од храната која се внесува, со што се забрзува енергетскиот метаболизам во телото.

Како многу добар и успешен лек се покажал и кај луѓе што страдаат од дијареја, кила, од проблеми со срцето и кардиоваскуларниот систем, несоница, болки во зглобовите, болки и проблеми со забите, проблеми со црниот дроб, болки во ушите, како и проблеми со белите дробови и дишните патишта.

Единствено треба да се напомене дека не смеат да го употребуваат луѓе што имаат чир на желудник, и луѓе што имале операција на органите за варење.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...