Ивермектин е антипаразитско средство кое се користи уште од 1980-тите за третман и превенција на болести поврзани со паразити кај луѓето, миленичињата и добитокот и е делотворен за парализа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 април, 2020 20:08

ОВОЈ ЛЕК ГО УБИВА КОРОНАВИРУСОТ ЗА 48 ЧАСА! Луѓето веќе го користат за успешно лечење на други болести

Фото/Текст извор: ©kurir.rs магазин.мк

Истражувачите кои го тестираат лекот ивермектин како можен лек за Ковид-19 забележаа ветувачки резултати во своите лабораториски студии.

Но, истражувањето е во рана фаза и лекот допрва треба да се тестира кај луѓе со COVID-19. Не знаеме толку многу, вклучувајќи ја вистинската доза и методот на испорака за лица со инфекција со коронавирус.

Значи, ако размислувате да купите нешто за секој случај, размислете повторно.

За што се користи Ивермектин моментално?

Ивермектин е антипаразитско средство кое се користи уште од 1980-тите за третман и превенција на болести поврзани со паразити кај луѓето, миленичињата и добитокот и е делотворен за парализа.

Во Австралија главно се користи  како лосион и крем за уши.

Ивермектин е антипаразитско средство кое се користи уште од 1980-тите за третман и превенција на болести поврзани со паразити кај луѓето, миленичињата и добитокот и е делотворен за парализа.

Исто така се користи во форма на таблети за третман на инфекција со кружни црви и како втора линија за третман на шуга и интензивно црвенило на лицето.

Кои се несаканите ефекти и потенцијалните штети?

Кога се конзумира во препорачаната доза, Ивермектин генерално добро се толерира. Некои од најчестите несакани ефекти вклучуваат дијареја, гадење, вртоглавица и поспаност.

Поретко се јавуваат несакани ефекти како недостаток на енергија, болки во стомакот, запек, повраќање, грозница, осип и чешање.

Како може Ивермектин да го третира COVID-19?

Неодамнешните лабораториски податоци од научниците од универзитетот Монаш и Институтот Доерти покажуваат дека лекот е во состојба да спречи репродукција на САРС-КоВ-2, вирус што предизвикува КОВИД-19.

Исто така, се покажа дека овој лек го запира ширењето на други вируси (како ХИВ, денга, грип и Зика), барем во лабораторијата.

Истражувачите откриле дека ивермектинот има ефект врз САРС-КоВ-2 по само една доза од лекот. Репликацијата на вирусот беше запрена во рок од 24 до 48 часа.

Сè уште не е јасно како точно функционира, но се чини дека ги запира процесите што овозможуваат протеинот да се движи во рамките на вирусот. 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.