Вкупните приходи пак се помали за 24%, но зголемената акциза и подобрата наплата на придонесите спасиле падот да биде помал од очекуваниот, задоволна е министерката за финансии Ангеловска.

Објавил: Владо Марин | 31 мај, 2020 21:59

Овој месец се потрошиле за 11% повеќе пари, така што дефицитот во моментов изнесува 307 милиони евра!

Фото/Текст извор: ©Sitel

Наплатата на данокот на додадена вредност продолжува да паѓа. Во мај се собрале за 33% помалку пари во буџетот по овој основ, но бројките се подобри од април, кога падот изнесуваше 44 отсто.

Вкупните приходи пак се помали за  24%, но зголемената акциза и подобрата наплата на придонесите спасиле падот да биде помал од очекуваниот, задоволна е министерката за финансии Ангеловска.

-Ако се има предвид дека падот на даночните приходи во април беше 31 отсто, значи бележиме подобрување. Реализацијата на даночните приходи според нашето сценарио кое предвидуваше намалување од 31 отсто, е 28. Тоа покажува дека проекциите биле соодветни. Имаме натфрлање или подобра реaлизација од сценариото за околу 300 милиони денари, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска.

Овој месец се потрошиле за 11%  повеќе пари, така што дефицитот во моментов изнесува 307 милиони евра, а до крајот на годината ќе достигне 750 милиони. Но, Ангеловска уверува дека со издадената еврообврзница и заемите од ММФ, Светска банка и ЕУ, како и планираното домашно задолжување, пари за нормално функционирање на буџетот ќе има. Вкупното задолжување до крајот на годината ќе достигне 1,43 милијарди евра, пишува Сител!

-Овде спаѓа надворешниот долг од 437 милиони евра и 685 милиони евра внатрешно задолжување, јавниот долг до крајот на годината ќе се движи од 55 до 60% од БДП, додава Ангеловска.

Ангеловска вели дека има простор поддршката кон стопанството со исплата на минимална плата да продолжи и наредните месеци, со тоа што условите нема да се менуваат, односно и големите компании ќе можат можат да ги користат. Но, за разлика од малите и средни фирми, тие ќе мора да ги вратат овие пари во буџетот. Државна помош за полесно надминување на кризата изминатиот месец побарале дури и 30-тина државни институции, и покрај фактот што не им следува.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...