Станбената зграда е изградена по Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија во општина Струмица, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Македонија.

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 април, 2021 18:53

Оглас за распределба на 37 социјални станови во Струмица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за транспорт и врски објави оглас за распределба на 37 социјални станови во општина Струмица во станбенa зградa на улица „Ѓорѓи Василев“ број 44 во Струмица.

Станбената зграда е изградена по Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија во општина Струмица, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Македонија.

Право на учество – Корисници на социјални станови може да бидат следниве категории на граѓани кои се станбено необезбедени:

  1. Деца без родители или родителска грижа – лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители.
  2. Корисници на правото на гарантирана минимална помош.
  3. Лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни (примарни) живеалишта.
  4. Лица со попреченост и семејства со лица со попреченост.
  5. Лица припадници на Ромската заедница социјално загрозени (согласно „Стратегијата за ромите на Република Северна Македонија“) 
  6. Самохрани родители со малолетни деца.

Барање за добивање на стан под закуп може да поднесе лице:

  • државјанин на Република Северна Македонија;
  • со постојано место на живеење во општината каде е изграден социјалниот стан и да биде без стан во лична сопственост, на брачниот другар и на полнолетните членови на неговото заедничко домаќинство на територијата на Република Северна Македонија.

Потребната документација треба да се достави до Mеѓуопштински центар за социјална работа – Струмица, а рокот за достава е заклучно со 04.06.2021 година.
За лицата кои не се во можност сами да ја комплетираат потребната документација, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Струмица ќе ја обезбеди потребната помош за обезбедување на целокупната потребна документација согласно објавениот оглас.

Социјалните станови ќе се распределат согласно Методологијата за бодирање на кандидати за добивање на социјален стан под закуп составен дел на Одлуката за распределба на социјални станови како и условите за нивно користење изградени по Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Северна Македонија (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.13/20).

Целосниот оглас може да се најде на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски: http://mtc.gov.mk/vesti/OGLAS–za-raspredeluvanje-na-37-sotsijalni-stanovi-vo-opshtina-Strumitsa–2

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Разно

Од Државниот завод за статистика информираат дека интензивно се подготвуваат за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, што ќе се спроведе од 5 до 30 септември годинава.

КОНКУРСОТ ЗА ПОПИШУВАЧИ И ИНСТРУКТОРИ ОТВОРЕН ДО 5 АВГУСТ

Државниот завод за статистика објави Конкурс за ангажирање на реонски попишувачи...

Јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата.

ДО ДЕНЕСКА ПРИСТИГНАТИ 4.508 БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ, АПЛИЦИРАЈТЕ, ПОВИКОТ Е СЕ УШТЕ ОТВОРЕН

Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции...