Во стариот дел на Дака, рано утринава избувнал пожар во четирикатна станбена зграда и за брзо време се проширил насекаде.

Објавил: Перо Милчин | 21 февруари, 2019 16:21

Огнена стихија утринава однесе 70 животи, а 50 се повредени во Дака- главниот град на Бангладеш

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Во голем пожар кој избувна утринава во дел од историскиот центар на Дака, главниот град на Бангладеш 70 лица го изгубија животот, додека 50 луѓе се повредени.

Во стариот дел на Дака, рано утринава избувнал пожар во четирикатна станбена зграда и за брзо време се проширил насекаде. На тоа место како што јавуваат тамошните медиуми, имало магацини на хемикалии и пластика кои брзо гореле и го прошириле пожарот. Објектите се целосно уништени, а пожарникарите ги вадат телата на настраданите. 

Огнот се проширил и на околните згради, а по експлозијата на неколку плински боци, настрадале многубројни пешаци и гости кои биле во близина на квартот.

За време на могулската власт во 17 век, градот бил познат и како Џахангир Нагар и бил истовремено провинциски главен град и центар на светски распространетата трговија со муслин. Модерниот град бил развиван под британската власт во 19 век и наскоро станал вториот најголем град во Бенгал, по Калкута. Со поделбата на Индија во 1947, Дака станал административниот главен град на Источен Пакистан, а подоцна, во 1972, главен град на независен Бангладеш.

Бројот на жртвите се зголемува, бидејќи потрагата се уште трае, изјави денеска Шакил Неваз, директорот на противпожарната служба.

Тој рече дека досега се пронајдени 70 мртви тела, а спасени се 41 лице а операцијата на гаснење на пожарот е во последна фаза, изјави тој.

Дака е главниот град на Бангладеш и централен град на Областа Дака. Тој се наоѓа на бреговите на реката Буриганга.

Заедно со областа, Дака брои 15 милиони жители, правејќи го најголемиот град во Бангладеш и еден од најнаселените во светот. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...