Пожарот е изгаснат 18 часа подоцна, рече Авниев, додавајќи дека самиот аеродром не е оштетен.

Објавил: Едмонд Бекири | 6 април, 2020 21:53

Огромен пожар проголта 3.500 автомобили: Пожарникарите 18 часа се бореа со огнената стихија(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©Foto: Youtube/Printscreen магазин

Пожарот што избувна на тревата околу меѓународниот аеродром во Југозападна Флорида уништи илјадници автомобили за изнајмување, соопштија пожарникарите.

Огнената стихија проголта 15 хектари и првично зафати само 20 автомобили на аеродромот Форт Маерс, а до моментот кога беше згаснат, изгореа повеќе од 3.500 изнајмени автомобили.

„До моментот кога единиците пристигнаа на местото на настанот, имавме 100 автомобили кои гореа. Престанавме да броиме после тоа“, рече Мелинда Авни од Службата за шума во Флорида.

Според Си-Ен-Ен, црни облаци од чад можеле да се видат на километри околу Форт Мајерс, град со околу 82.000 луѓе во југозападна Флорида.
Пожарот е изгаснат 18 часа подоцна, рече Авниев, додавајќи дека самиот аеродром не е оштетен.

Нема повредени и се испитува причината за пожарот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.