Тој посочи дека овој пат во фокусот на Фчерашни ќе биде корупцијата и ќе се третираат сите проблеми во секојдневното живеење, но сепак најмногу ќе се разобличува корупцијата, како „рана што одамна ни се гледа“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 октомври, 2019 11:17

Огњановски: Овој пат нема да штедиме никого, корупцијата ќе биде во фокусот на Фчерашни

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото МИА

Во интервју за МИА, главниот и одговорен уредник на емисијата Фчерашни новости, Бранко Огњановски, истакна дека во петата сезона која како што најави ќе започне во недела, 27 октомври, во 19:30 часот на телевизијата Канал 5, како и минатата сезона нема да поштедат никого.

Тој посочи дека овој пат во фокусот на Фчерашни ќе биде корупцијата и ќе се третираат сите проблеми во секојдневното живеење, но сепак најмногу ќе се разобличува корупцијата, како „рана што одамна ни се гледа“.

Проверен рецепт е традиција кај нас, така што сега малку ќе измешаме. Покрај тоа што ќе оди оној класичен формат на вести, ќе имаме еден новитет што оваа редакција што ја имавме пред тоа ќе се обидеме малку да ја разработиме, односно да ѕирнеме под хаубата на Фчерашни. фото МИА

Огњановски за МИА открива дека во петата сезона ќе има и нови ликови, но ќе има и еден посебен дел посветен на новинарството и многу други новости за кои не открива многу затоа што, како што вели, останува на гледачите да ги видат.

Истакна дека темите кои ќе ги работат Фчерашни ќе бидат оние што и класичните вести ги обработуваат, односно секојдневието со кое сите сме опкружени.

Посебен фокус ќе имаме на корупцијата и тој дел од општеството. Тоа ни е, да речеме, некоја рана што одамна ни се гледа. Меѓутоа, сите теми ќе бидат застапени. И нема да штедиме никого. Секако, одговорни секогаш за состојбите се луѓето од власта, луѓето што се одговорни за политиките што ги креираат, но и опозицијата, практично секојдневното живеење. Сите ќе бидат во фокусот вели Огњановски за МИА.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Мислам дека ова е вештачки продолжен прв бран ( со престроги мерки). Всушност вакви бројки требаше да се има/очекува на почеокот на пандемијата, во најголемиот број на државите првиот бран со правилна амплитуда на зголемување, постигнување врв и спуштање на бројот на позитивни и заболени траеше 2,5 до 3 месеци.

ВЕЛО МАРКОВСКИ ЗА МАГАЗИН: Се соочуваме со вештачки продолжен прв бран- вакви бројки требаше да има на почеток на пандемијата!

На почетокот мерките беа соодветни, и слични како во најголемиот број на земји околу...

Психологот Бојана Стојменовиќ за Магазин.мк дава совети како квалитетно да го поминете времето дома и како да го победите стравот од целата ситуација.

БОЈАНА СТОЈМЕНОВИЌ ЗА МАГАЗИН: На овој фронт се бориме со сопствената самосвест и самоконтрола!

Ова е период кога низ целиот свет владее страв од новиот Коронавирус (COVID 19). Многу од...

Во разговорот Милошоски открива кои се плановите на неговата матична партија и вели дека не ја исклучува можноста за  да се најде како член на владата, доколку ВМРО- ДПМНЕ победи и формира Влада.

Антонио Милошоски за Магазин: Министрите Димитров и Османи се виновни за фијаското во Брисел!

Пратеникот од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи на...

Европската Унија не му пристапи на проблемот од аспект на рационалност и праведност, туку се држеше на страната на својата членка Грција, која ја блокираше Македонија

Еклузивно со Маријана Претир: Македонците се силен, самоуверен и горд народ и никој неможе да ги уништи!

Преспанскиот договор е наметнат со странски пристисок, а предвидува комплетно редефинирање...