ПОЛОЖЕНИ ЦВЕЌИЊА НА ПАРТИЗАНСКИТЕ ГРОБИШТА ВО БУТЕЛ И НА ГРОБОТ НА ГЕНЕРАЛ МИХАЈЛО АПОСТОЛСКИ!

Објавил: Владо Марин | 13 ноември, 2020 22:18

Одбележуваме 76 години од ослободувањето на Скопје

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

ПОЛОЖЕНИ ЦВЕЌИЊА НА ПАРТИЗАНСКИТЕ ГРОБИШТА ВО БУТЕЛ И НА ГРОБОТ НА ГЕНЕРАЛ МИХАЈЛО АПОСТОЛСКИ!

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, претседателот на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева и секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска Мадиќ, ги предводеа делегациите коишто денеска положија цвеќиња пред Споменикот на ослободителите на градот Скопје на Партизанските гробишта „Бутел“ и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски на градските гробишта „Бутел“.

На гробиштата во Бутел цвеќиња положија и делегација на Владата на Република Македонија предводена од премиерот Зоран Заев; делегација на Советот на Град Скопје, составена од советниците Славче Јовановски, Васко Лазаревски и Ирена Попова, како и Делегација на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна – Скопје; делегација од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија; делегација од Собранието на Република Северна Македонија; делегација од Министерството за одбрана на Република Северна Македонија; делегација на Генералштаб на АРМ; делегации од Општините на Град Скопје; делегации од јавните претпријатија и јавни културни установи на Град Скопје; делегација на Црвен крст на град Скопје, како и делегации на дипломатскиот кор, граѓани и институции.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.